Бизнис

Декемвриската просечна плата порасна за 7,6% и изнесува 46.889 денари

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано и во Транспорт и складирање со раст од 12,8 проценти, Рударство и вадење на камен со 9,0 проценти, како и во Градежништво со 7,0 проценти.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари, што претставува раст од 7,6 проценти во споредба со декември 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, зголемувањето на нето-платата најмногу се должи на порастот во неколку клучни сектори. Така, во секторот Транспорт и складирање е евидентирано зголемување од 13,4 проценти, во Земјоделство, шумарство и рибарство од 10,9 проценти, додека во секторите Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли, како и во Образование, растот изнесува 9,7 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано и во Транспорт и складирање со раст од 12,8 проценти, Рударство и вадење на камен со 9,0 проценти, како и во Градежништво со 7,0 проценти.

Во исто време, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2025 година изнесувала 70.520 денари.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top