Македонија

Прво сто нови автобуси, па в година старт на проектот БРТ, најави Ѓорѓиевски

Скопскиот градоначалник верува дека со набавката ќе има доволно автобуси за да се покрие целиот главен град

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во интервју за Радио Слободна Европа најави дека до крајот на годинава ќе пристигнат ветените над сто нови автобуси, а од почетокот на наредната ќе се работи на проектот БРТ (брз автобуски транспорт).

„За БРТ, прво ми е многу драго што конечно со ЕБОР го откочивме процесот. Тоа беше макотрпна работа изминативе повеќе од три месеци, колку што сум градоначалник во градот Скопје. Верувам дека некаде во втората половина на оваа календарска година ќе започнеме со тендерирање на таа постапка. Тоа е сериозен проект за градот Скопје, којшто генерално ќе ги среди овие гужви во сообраќајот, а се поврзани со делувањето на автобусите во трасите во моментов во градот Скопје. Од друга страна, пак, обезбедуваме повеќе од 30 нови автобуси преку овој проект. Што значи дека, јас верувам, некаде најдоцна на почетокот на наредната календарска година би почнале со градежните активности и би почнале со работа на терен“, рече Ѓорѓиевски.

„Нам ни треба целосно опфаќање на градот Скопје. Земајќи предвид дека ние овој руиниран возен парк – флотата на автобуси со којашто располагаме во моментов – којашто долги години не е обновена, ќе ја обновиме со 100 автобуси и поддршка од страна на Владата и дополнително уште најмалку 30 автобуси преку овој проект. Ние ќе имаме доволно автобуси за да го покриеме цело Скопје“, додаде тој.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top