– Во текот на вчерашниот ден полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 15 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола, тројца со забрана за управување возило од Б-категорија, еден под дејство на алкохол, а еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово и Битола управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во Скопје, Велес и Гостивар управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б-категорија, а едно лице во Штип управувало возило под дејство на алкохол. А едно лице во Кавадарци управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – посочуваат од МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или се под дејство на алкохол.