Македонија

Обвинителите не даваат да им се намалат платите

Здружението на јавни обвинители so реакција до Собранието на Република Македонија во врска со предлогот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, кои власта предлага да се намалат како дел од пакетот за намалување на платите на сите функционери

 

На дневен ред на денешната седница на Собранието се очекува да се расправа за Предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители и Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет, сите по скратена постапка.

Стојановски: Платите на јавните функционери да се намалат за 13.000 денари

Во реакцијата на обвинителите упатена до Собранието се наведува:

1. Јавните обвинители се свесни за сложената економска ситуација во која се наоѓа државата и за потребата од ефикасни мерки за штедење. Меѓутоа, мора да нагласиме дека согласно член 2 од Законот за платите на јавните обвинители, платата на јавниот обвинител не може да биде намaлена со закон или одлука на државен орган, освен при утврдена дисциплинска одговорност.

2. Јавните обвинители извршуваат сложена и одговорна работа и го носат товарот на кривичниот прогон и тоа без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка. Законски предвидените додатоци за сложеност на трудот со години наназад не им се исплаќаат поради недостаток на средства во Буџетот.

3. Исто така, функцијата јавен обвинител е неспојлива со извршувањето на каква било друга функција или дејност. Поради тоа, платата е единствен приход за јавните обвинители и таа се движи во распон од минимални помалку од 90.000 до максимални 130.000 денари. Со вакви износи платите на македонските јавни обвинители се апсолутно најниски во регионот, а со останатите европски земји не можат ниту да се компарираат:

4. Имаме обврска да ве информираме дека Уставниот суд, на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, веќе има донесено решение У.бр.71/25 од 24.12.2025 година со кое поведе постапка за оценка на уставноста на последните измени на Законот за платите на јавните обвинители, со кои веќе се интервенираше со намалување на коефициентите и ограничување на порастот на платите.

Иако конечната одлука на Уставниот суд за ова прашање не е се уште донесена, имаме обврска да укажеме на штетните правни последици доколку со ново законско решение дополнително се продлабочат оспорените недоследности.

Оценката на уставноста на претходните законски измени се проверка на уставната усогласеност и на измените кои сега се предлагаат, бидејќи повторно при иста методологија на пресметка на плати, се намалуваат коефициентите со што всушност се влијае за намалување на платите.

Сметаме дека тоа е противуставно и незаконито решение со кое се загрозува независноста на јавните обвинители преку економски притисок, од кои причини, како што наведовме погоре, бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана, стои во писмото од Јавните обвинители до Собранието.

Најнови вести од: Македонија

Промоција на монографијата „Мојот пат“ – културен настан посветен на Антон (Тони) Баталаковски

На 3 март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет.

Емануилидис: Забрзаното проширување со Украина, што ќе го остави настрана Западниот Балкан, ќе биде стратегиски неуспех за ЕУ!

„Забрзаниот пристап на Украина во ЕУ не смее да создаде за другите членство од втор ред. Членството во ЕУ отсекогаш значеше еднаквост: еднакви права, еднакви обврски и еднаков глас во обликувањето на заедничките одлуки. Забрзаното проширување на ЕУ не смее да стане ниту ограничено, тивко да ги остави и земјите-кандидатки од Западниот Балкан, кои вложуваа години, честопати децении, во усогласување со нормите на ЕУ. Тоа би бил стратегиски и морален неуспех, пораз на ЕУ.“ – предупредува д-р Јанис А. Емануилидис, заменик-извршен директор на Центарот за европска политика во Брисел и директор за студии во оваа многу важна независна тинк-тенк научно-истражувачка организација. Тој е научен експерт за европска политика и истражувач посебно за евроинтеграција и проширување на ЕУ.

Али, Венко, Зоки – нема потреба од драматизација и паника, порачуваат од ЗНАМ

Без разлика колку ќе се препелкате со соопштенија, обвинувања и конструкции – правдата сигурно ќе ве стигне. Исходот сите го знаете. На крајот, правдата секогаш наоѓа пат…“, порачуваат од партијата на Максим Димитриевски

Костадиновска: Видов искри, но вратата беше затворена со катанец и не можевме да излеземе

Ја изведувавме песната ‘Што сака нека биде’, на рефренот беа пуштени прскалките. Инстинктивно погледнав нагоре и видов искри. Панчо на микрофон рече да излеземе. Не ја сфативме веднаш сериозноста, сведочеше придружничката на групата ДНК

Пензиите на пензионерите од дијаспората пред Уставен суд

Подносителите – меѓу кои и граѓани што живеат во странство, како и Народниот правобранител – тврдат дека со измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се врши дискриминација на пензионерите кои живеат во странство

Бугарскиот сајт Вестимак пренесува налудничави лаги на српски историчар за Гоце Делчев (ВИДЕО)

Во својата перфидна кампања против Македонија порталот Вестимак кој е близок на бугарските служби постојано објавува антимакедонски тврдења а главни теми на објавите им се наводи за непостоење на македонската нација

Најнови вести

To top