Свет

За Грција и Бугарија не постојат малцинства – особено македонско

Бугарија и Грција да настапуваат заемно координирано во дискриминирањето и негирањето на постоењето на македонскиот етнички елемент и на македонскиот јазик во Пиринска и во Егејска Македонија, во Бугарија и во Грција

Две земји од нашето соседство не ја почитуваат Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства – мултилатерален договор на Советот на Европа насочен кон заштита на правата на малцинствата. Беше усвоена од Комитетот на министрите на Советот на Европа во 1994 година и стапи во сила во 1998 година.

Таа е првиот правно обврзувачки мултилатерален инструмент посветен на заштитата на малцинствата и се смета за најсеопфатен меѓународен стандард во областа на правата на малцинствата досега, потсетува „Нова Македонија“.

„ Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства до 2009 година беше ратификувана од 39 земји членки.

Грција ниту ја потпишала, ниту ја ратификувала во својот парламент оваа конвенција. Бугарија ја потпиша во 1997 година и ја ратификува од 1999 година.

Во Бугарија се применува 26 години до сега, но македонското малцинство не ужива ниедно од правата предвидени во споменатата рамковна конвенција. Македонците се исклучени од бугарскиот Национален совет за прашања на етничката интеграција на малцинствата.

Се добива впечаток како Бугарија и Грција да настапуваат заемно координирано во дискриминирањето и негирањето на постоењето на македонскиот етнички елемент и на македонскиот јазик во Пиринска и во Егејска Македонија, во Бугарија и во Грција.

 

Повеќе на ЛИНКОТ

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top