Хроника

Осуммина фатени без право да возат – малолетник, пијан и со забрана!

Малолетник и уште петмина немале возачки, еден бил пијан, а еден со забрана

Осум возачи завршија во полициска станица вчера откако биле фатени зад волан без дозвола, со активна забрана или под дејство на алкохол.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, најголемиот дел од приведените, шестмина, управувале возила без воопшто да поседуваат возачка дозвола.

Тројца од нив биле затекнати во Тетово, меѓу кои и еден малолетник. По еден возач без дозвола бил откриен и во Куманово, Струмица и Прилеп.

Дополнително, во Струга полицијата привела возач кој управувал автомобил иако имал изречена забрана за управување моторно возило од Б категорија. Уште еден возач бил фатен во општина Илинден како вози под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Полицијата апелира до граѓаните строго да ги почитуваат сообраќајните правила и да не седнуваат зад волан без дозвола, со активна забрана или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Најнови вести од: Хроника

To top