Марјан Ристески од Конфедерацијата на Синдикални организации вели дека ќе има протести ако не биде повлечен Законот за извршување.
Ако не ги прифатат забелешките од синдикатите, ќе излезат на протести и овој пат се подготвени да одат до крај
„Бараме да се повлече Законот, тогаш ни оставаат простор за преговарање, ако не, тогаш одиме на протести. Бараме да не’ повикаат на средба и да ги кажеме нашите забелешки. Ако не, ќе бидеме приморани да правиме протести“, рече Ристески во гостување на ТВ21,
Во емисијата гостуваше и Претседателката на Комората на извршители Весна Деловска, која изнесе мошне интересни примери за тоа со какви случаи се соочуваат извршителите и со какви апсурдни и сурови ситуации се соочуваат граќаните.
За 200 денари долг, граѓанин требало да плати 500 евра (ВИДЕО)
Ристески истакна дека „не е целта само да се протестира, туку да бидат успешни. Ете, на еден начин извршителите сфатиле, се надеваме дека ќе сфатат и адвокатите, нотарите… Но, и владата треба да сфати. Овојпат сме решени и какви потези ќе бидат повлечени, ќе бидете благовремено известени“.
Тој рече дека под итно ќе побараат средба со Претседателот на владата Христијан Мицкоски:
„Премиерот треба да смени луѓе кои се на раководни функции свесни за проблематиката со Законот за извршување, и да го смени министерот за правда“.
„Треба да дојде министер кој ќе слушне кој е проблемот со извршувањето. Овој проблем е со години наназад, а и извршителите се освестиле дека не е нешто во ред“, рече Ристески.