Свет

Сеуште нема потврда од Пентагон: Иран објави дека четири балистички ракети го погодиле USS Abraham Lincoln во Персискиот Залив

Засега нема потврда за директни жртви или штети на USS Abraham Lincoln, но самото тврдење на ИРГК значително ја заострува реториката и ги зголемува ризиците.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека нејзините одмазднички напади врз Соединетите Американски Држави и Израел влегуваат во „нова фаза“, откако тврди дека лансирала четири балистички ракети кон американскиот авионски носач USS Abraham Lincoln во Персискиот Залив.

Според изјавата на ИРГК, објавена преку државните медиуми, носачот бил „погоден“ со четири балистички ракети во рамките на операцијата „True Promise-4“. Гардата предупреди дека „земјата и морето ќе се претворат во уште поголеми гробишта за терористичките агресори“, а вооружените сили ќе продолжат со интензивни операции на копно и на море. Ова е првпат Иран директно да тврди дека нападнал американски авионски носач во тековниот конфликт.

Американската страна досега не го потврдиле нападот. Ниту Пентагон, ниту Воената морнарица на САД не издадоа официјален коментар за евентуални штети, жртви или пресретнување на ракетите. USS Abraham Lincoln, нуклеарно-погонет носач од класата Nimitz, беше распореден во регионот уште во јануари 2026 година поради зголемените тензии и активно учествуваше во првите заеднички удари врз Иран на 28 февруари.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, во интервју за Al Jazeera, ги повика земјите од Заливот да ги разберат иранските дејствија, бидејќи Техеран „е принуден да се брани“. Тој категорично ги отфрли можностите за промена на политичкиот систем во Иран преку надворешно мешање, нарекувајќи ја таа цел „невозможна задача“ за САД и Израел.

Од друга страна, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар ги отфрли сите обвинувања за нападот врз Иран и најави продолжување на „моќните удари“ во соработка со Соединетите Држави. „Ако овој режим повикува на уништување на Израел и презема активни чекори во таа насока, ние имаме целосно право да дејствуваме. Не можеме само да чекаме тој да го постигне својот циљ, кој го следи со непоколеблива упорност и по јуни минатата година“, изјави Саар.

Приоритет на САД во наредните денови и недели ќе биде уништувањето на иранскиот ракетен потенцијал, изјави претседателот на Сенатскиот комитет за разузнавање. Тој додаде дека копнени операции во Иран се можни единствено за спасување на пилоти од соборени авиони.

Ситуацијата останува исклучително тензична: Иран продолжува со ракетни и дронски напади врз регионални цели, Ормускиот теснец е практично парализиран, цените на нафтата брзо растат, а стравот од поширока војна е на врвот.

Засега нема потврда за директни жртви или штети на USS Abraham Lincoln, но самото тврдење на ИРГК значително ја заострува реториката и ги зголемува ризиците.

Најнови вести од: Свет

По смртта на Али Хамнеи: Еден од најавторитетните живи шиитски ајатоласи прогласи џихад против Америка и Израел

Еден од најавторитетните живи шиитски ајатоласи во Иран, Нaser Мекарем Ширази, денеска објави отворен повик за џихад против Соединетите Американски Држави и Израел, непосредно по потврдената смрт на врховниот водач ајатолах Али Хаменеи во израелско-американските удари врз Техеран.

Привремениот совет пред одлука: Дали Иран ќе се откаже од фатвата на Хаменеи во време на војна?

Смртта на врховниот водач на Иран, ајатолах Али Хаменеи, во превентивните удари на Израел и САД врз Техеран, ја отвора вратата за потенцијална промена во иранската нуклеарна политика.

Кој ќе го наследи Хаменеи?: Формиран привремен совет, во меѓувреме Багдад гори во антиамерикански протести

Иран влегува во длабока политичка криза по потврдената смрт на врховниот водач ајатолах Али Хаменеи, убиен во заедничкиот превентивен напад на Израел и САД врз Техеран вчера.

Потврдена смртта на Хамнеи: 40-дневен период на жалост во Иран

Иранските државни медиуми потврдија дека врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи (86 години), е убиен во својата канцеларија во заедничките американско-израелски напади врз Иран, пренесува Ал Џезира и други меѓународни извори.

To top