Македонија

Извршителите лани присилно наплатиле над 137 милиони евра

Во 2025 та е наплатен историски највисокиот износ од граѓаните–должници, извршителите наплатиле над 50.8 милиони евра

 

За две децении, колку што постојат извршителите, од граѓаните, компаниите и од државата присилно се наплатени повеќе од 2 2 милијарди евра.

Преку извршители во 2025 та биле присилно наплатени 137.368.058 евра што претставува реализација на 43,63% од примените барања за наплата, покажуваат податоците од новиот Извештај за работата на извршителите во 2025 та година.

Во однос на 2024 та присилно наплатената сума е намалена за 23 300 000 евра. Најголем дел од средства, или скоро 63 500 000 евра се наплатени од “правни лица“, следуваат граѓаните од кои извршителите наплатиле над 50.8 милиони евра, а на трето место е државата од која присилно се наплатени речиси 24 082 300 евра.

За 200 денари долг, граѓанин требало да плати 500 евра (ВИДЕО)

Во 2025 та е наплатен историски највисокиот износ од граѓаните – должници, за прв пат надминувајќи 50 000 000 евра. Конкретно, споредбената анализа на податоците што ја направи “Порталб“ покажува дека само за една година, во 2025 во однос на 2024 та, присилно наплатената сума е зголемена за речиси 4 милиони евра.

Правните лица односно фирмите се рангирани како “најголеми должници“ но и како најголеми доверители. Лани компаниите преку извршителите присилно наплатиле над 105 милиони евра.

Од друга страна пак физичките лица, односно граѓаните како доверители наплатиле нешто повеќе од 31.170 000 евра додека пак државата во улога на доверител, присилно наплатила нецели 2.5 милиони евра.

Само лани фирмите адресирале дури 160 971 барања за присилната наплата, од нив 10 257 се барања за извршување од страна на банките а 45 219 барања за присилна наплата се дојдени од комуналните претпријатија. (Бизнис вести)

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top