Бизнис Свет

Американските царини стапуваат во сила на 1 август, можно ли е пак да има продолжување?!

Трамп извести најмалку 14 држави за новите царински стапки кои ќе стапат во сила на 1 август, со напомена дека таквата царинска политика би можела да се промени со договор во областа на трговијата. За Јапонија и Јужна Кореја е одредена царина од 25%.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека даноците ќе започнат да важат на 1 август и дека нема да има повеќе одложувања. “Немаше промени до овој датум, ниту пак ќе има промени.”

  • “Со други зборови, сите пари ќе доспеат за плаќање почнувајќи од 1 август 2025 година”, напиша тој на Truth Social.

Трамп додаде дека некои држави за кои се воведуваат давачки, биле информирани писмено вчера, додека други ќе добијат официјална нотификација во текот на денот. Трамп извести најмалку 14 држави за новите тарифни стапки кои ќе стапат на сила на 1 август, со напомена дека ваквата царинска политика би можела да се измени со спогодба во областа на трговијата.

За Јапонија и Јужна Кореја е утврдена царина од 25 проценти. Ист процент на царина е утврден и за Малезија, Казахстан и Тунис.

На Јужна Африка и Босна и Херцеговина им се воведени давачки од 30 проценти, на Индонезија 32 проценти, на Бангладеш и Србија 35 проценти, на Камбоџа и Тајланд 36 проценти, а на Лаос и Мјанмар 40 проценти.

Трамп во писмата ги предупреди земјите против воведување реципрочни мерки, нагласувајќи дека САД во тој случај ќе реагираат со воведување дополнителни давачки. Трамп во април објави основна царинска стапка од 10 проценти за повеќето земји и дополнителни давачки кои достигнуваат до 50 проценти. Потоа го одложи започнувањето на новите давачки до 9 јули за сите освен за оние земји на кои им беше одредена стапка од 10 проценти.

Најнови вести од: Бизнис Свет

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top