Свет

Автентичните маала на Истанбул: Какво скриено наследство нудат Једикуле и Саматја

Вечниот град на Босфорот, Истанбул

Вечниот град на Босфорот, Истанбул, познат по своите бројни знаменитости, за туристите нуди и едно поинакво и подлабоко доживување, а тоа е откривањето на неговите скриени маала, заедно со нивните автентични приказни. Најинтересни се населбите Једикуле и Саматја, лоцирани во должина на историските градски ѕидини. Во минатото во нив живееле императори, а подоцна и различни верски заедници, па посетителите можат да ги видат трагите од сите тие цивилизации, какви што се космополитските улици, старите продавници, историските вили, но и традиционалните турски таверни. Тврдината Једикуле, што всушност означува седум кули, е лоцирана во Историскиот полуостров, кој се смета за еден од културно најбогатите делови на градот. Таа датира од 5 век, а била изградена за време на Источното Римско Царство, како одбрана од напади врз градот, а подоцна, за време на османлискиот период, била проширена со нови ѕидини и порти. Од нив најатрактивна е Златната порта, чија намена била да ги пречекува императорите кои се враќале од победничките походи.

Меѓу седумте кули се и занданата, оружарницата и ризницата, а од сите нив се ужива во панорамски поглед кон Мраморното Море и Историскиот Полуостров. Меѓу Једикуле и Саматја се наоѓа Црквата „Св. Константин и Елена“, грчко-православна црква позната по својата елегантна камбанарија. Во нејзина близина се и остатоците од манастирот „Студиос“ кој подоцна бил претворен во џамија наречена Имрахор, што говори за источно-римското и османлиското наследство на ова подрачје. Саматја, пак, е интересна по својот историски плоштад, познат од популарните турски серии. Улиците во населбата се полни со книжарници со половни книги, ресторани, слаткарници, како и историски дрвени куќи, од кои добар дел се обновени и претворени во кафулиња, каде може да се ужива во филџан турско кафе.

На границата меѓу Једикуле и Саматја се наоѓа Црквата на железничарите, позната и како Саматјанска црква, која денес ја користи сириската заедница, а е поврзана со железничарите од доцниот османлиски период. Во истото маало е сместена и една од најстарите ерменски цркви во Истанбул, како и Црквата „Св. Мемас“, кои најдобро го отсликуваат мултикултурниот карактер на Саматја. Оваа населба порано била мало рибарско село, и токму од таа традиција потекнува и храната која се служи во бројните турски таверни. Главно тоа е свежа риба во комбинација со турска ракија, како и вегетаријанското „ќофте“ од наут и карамелизиран кромид, често со компир или брашно. Во Истанбул вреди да се видат и историските болници што некогаш биле центри на лекување, а и денес продолжуваат со својата работа.

Една од нив е Баликли Рум болницата, која денес е призната како жив музеј и културно наследство, но и покрај тоа активно згрижува пациенти од Туркије и од странство. Во нејзината градина се наоѓа црквата „Аја Хараламбос“, изградена во 18 век за духовните потреби на пациентите и персоналот, а е посветена на Свети Хараламбос, кој живеел во 2 век и во православната традиција се почитува како заштитник од епидемии. Црквата има симболично значење како „духовен штит“ на болницата, бидејќи е основана во време на разорна чума, и со време станала симбол на надеж и заштита во тешките денови.

Најнови вести од: Свет

Кршење на примирјето во Ормуз: Иран со дронови удри по американски бродови по инцидентот со „Тоуска“

Состојбата во регионот останува исклучително напната, а иранските тврдења за напад со дронови врз американски воени бродови го сигнализираат можноста за понатамошна брза ескалација на конфликтот.

Канадскиот премиер призна: Блиските врски со Америка се претворија во сериозна ранливост

Изјавата на премиерот дојде неколку дена откако американскиот министер за трговија Хауард Латник остро ја критикуваше трговската стратегија на Канада во рамките на Северноамериканскиот договор за слободна трговија и ја осуди соработката на Отава со Кина.

To top