Македонија

Кои се директорите кои вратија 500.000 денари земени врз основа на манипулации од болниците?!

Не може да дозволиме да има самовреднување и самонаплата. Ќе има правила кои ќе бидат фер и ќе се бара да се придржуваме до нив – додаде Клековски.

Кои се директорите кои вратија 500.000 денари земени врз основа на манипулации од болниците?! Станува збор за тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратија вкупно 1,5 милиони денари, што ги зеле врз основа на неправилна пресметка на плата. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека покрај медицинската контрола нивна континуирана активност е и финансиската контрола.

  • Во три случаи актуелни или поранешни директори ги вратија погрешно пресметаните приходи од околу милион и пол денари – потенцира Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали очекува и други да вратат пари, рече „сите заедно мора да изградиме систем каде меѓусебно ќе се почитуваме“.

  • На едната страна дека ќе бидеме подобро платени и тоа ќе биде вреднувано легално со 33 отсто зголемени капитации за матичните доктори или кумулативно претходните две зголемувања во јавното здравство беа 17 отсто. Сега од март има уште едно зголемување. Праќаме јасен сигнал до сите здравствени работници дека ќе ја вреднуваме работата и платите ќе одат нагоре, меѓутоа од друга страна очекуваме фер однос и од другата страна и да престанат злоупотребите на додатоците. Таа комуникација ја имаме и со јавните здравствени установи и со синдикатите – посочи Клековски.

Тој најави дека постојано ќе комуницираат за да се придвижи состојбата во која трудот не се вреднувал, па некои луѓе сами си со наплаќале според тоа што сметале дека им следува.

  • Не може да дозволиме да има самовреднување и самонаплата. Ќе има правила кои ќе бидат фер и ќе се бара да се придржуваме до нив – додаде Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top