Свет

Иранската армија тврди дека погодиле американски танкер во Ормутскиот теснец

Тие наведуваат дека воените и трговските бродови на САД, Израел и европските земји што ги поддржуваат „нема да можат да поминат“ низ областа

Иранскиот корпус на Револуционерната гарда (ИРГК) соопшти дека нивната морнарица утрово погодила американски танкер во северниот дел на Персискиот Залив.

Во соопштението за медиумите, тие наведуваат дека воените и трговските бродови на САД, Израел и европските земји што ги поддржуваат „нема да можат да поминат“ низ областа.

„Ако ги забележиме, сигурно ќе бидат погодени“, соопшти ИРГК.

Тие додадоа дека Иран претходно предупредил дека има право да го контролира преминот на бродовите низ Ормускиот теснец во време на војна.

„Веќе рековме дека, врз основа на меѓународните закони и резолуции, Исламската Република Иран ќе има право да го контролира преминот низ Ормускиот теснец во време на војна“, објави ИРГК, пренесе иранската агенција Тасним.

Најнови вести од: Свет

Пресврт во САД и проблеми за Трамп: Демократските кандидати водат во шест од седум клучни држави, дури и во традиционални републикански упоришта!

Само еден ден пред американските избори на средината на мандатот, најновите анкети на „Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“ покажуваат значителна промена во корист на демократите во битката за контрола врз Сенатот.

Најнови вести

To top