Македонија

Македонци од Израел евакуирани со владиниот авион

Со лет од Шарм ел Шеик, попладнево за Скопје полетаа македонски државјани од Израел, информира министерот Муцунски

Со лет од Шарм ел Шеик во Египет до Скопје со владиниот авион, попладнево се евакуирани македонски државјани од Израел, информира министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

🇲🇰 Безбедноста на македонските граѓани е најважна.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија целосно го координираше процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје.
Станува збор за процес што бараше сериозен ангажман на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции.
Воедно, финализирана е постапката за склучување договор со компанија која во следните денови се очекува да започне да ги реализира летовите за евакуација на македонските државјани од останатите погодени подрачја, во координација со нашите ДКП-а.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва и понатаму се на 24-часовно располагање на македонските државјани за секоја потребна помош и поддршка“, објави шефот на македонската дипломатија на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Вреди: Али Ахмети и Ислам Абази должат одговор како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека е „виновен“ кабелот?!

„Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните примери за институционална неодговорност и заробено правосудство!“ – реагира жестоко партијата Вреди.

МВР: „Летањето“ дронови без дозвола претставува опасност

Лицата кои не ги исполнуваат законските услови за управување со беспилотни воздухоплови – дронови и немаат соодветни одобренија, регистрации или сертификати, да не вршат операции со дронови спротивно на важечките прописи

To top