Свет

Кина нареди итно запирање на извозот на горива поради кризата во Персискиот Залив

Кинеските власти им наредија на големите рафинерии за нафта во земјата веднаш да престанат со извоз на дизел и бензин.

Кинеските власти им наредија на големите рафинерии за нафта во земјата веднаш да престанат со извоз на дизел и бензин. Оваа одлука, според извештаи на Блумберг и Ројтерс, е донесена во контекст на тековниот конфликт во Персискиот Залив (војната со Иран), кој ги наруши испораките на сурова нафта од регионот.

Според извори блиски до ситуацијата, високи раководители на нафтени компании ја добиле наредбата за запирање на извозот за време на состанок со претставници на Националната комисија за развој и реформи (NDRC) – врховниот економски планер на Кина. На рафинериите, вклучувајќи ги државните ПетроЧајна, Синопек, CNOOC, Синочем груп и приватната Жеџијанг петрохемикал, им е наредено да престанат да потпишуваат нови договори за извоз и да се обидат да ги откажат постоечките испораки.

Исклучок е направен само за гориво за бродови (бункер гориво) и авионско гориво (керозин), особено она што се чува во бондед складишта, како и за испораки кон Хонг Конг и Макао.

Оваа мерка е привремена и има за цел да го заштити домашниот пазар во Кина, бидејќи земјата се потпира на Блискиот Исток за речиси половина од своите потреби за сурова нафта.

Иако Кина во последните години се стреми кон диверзификација на резервите на јаглеводороди, конфликтот во регионот (вклучувајќи го практичното затворање на Ормутскиот теснец) предизвика стегнување на снабдувањето.

На крајот на декември 2025 година, Пекинг ја издаде првата серија квоти за 2026 година во износ од 19 милиони тони за извоз на нафтени производи (бензин, дизел, керозин), што е стабилно ниво слично на претходните години.

Во првите 11 месеци од 2025 година, извозот на нафтени производи достигна 52,65 милиони тони, што претставува мало намалување од 3,2% во споредба со истиот период во 2024 година.

Иако вкупниот извоз е во благ пад, извозот на керозин (авијациско гориво) забележа значителен раст од речиси 11% во 2025 година.

Ефектот од оваа забрана најверојатно ќе се почувствува од април натаму, бидејќи мартовските испораки веќе се фикснирани.

Ова дополнително ќе го затегне азискиот пазар на горива, каде што маржите за рафинирање веќе се зголемуваат поради глобалниот недостиг.

Најнови вести од: Свет

Претседателот на САД, Доналд Трамп го продолжи примирјето со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД ќе го продолжат примирјето со Иран, но исто така ќе ја продолжат блокадата на иранските пристаништа. Одлуката за одложување на нападот е донесена на барање на пакистанските власти, во исчекување на единствен предлог од иранското раководство за траен крај на конфликтот.

Кршење на примирјето во Ормуз: Иран со дронови удри по американски бродови по инцидентот со „Тоуска“

Состојбата во регионот останува исклучително напната, а иранските тврдења за напад со дронови врз американски воени бродови го сигнализираат можноста за понатамошна брза ескалација на конфликтот.

Канадскиот премиер призна: Блиските врски со Америка се претворија во сериозна ранливост

Изјавата на премиерот дојде неколку дена откако американскиот министер за трговија Хауард Латник остро ја критикуваше трговската стратегија на Канада во рамките на Северноамериканскиот договор за слободна трговија и ја осуди соработката на Отава со Кина.

To top