Македонија

По допрен глас, ОЈО отвори предмет за трагедијата во Карпош (ЛИНК во коментар)

По објавените информации во медиумите за наводни неправилности утврдени при инспекциски надзор во Центарот за социјални работи во врска со трагичниот настан

Јавното обвинителство оформи предмет по допрен глас, по објавените информации во медиумите за наводни неправилности утврдени при инспекциски надзор во Центарот за социјални работи во врска со трагичниот настан во Карпош кога загинаа мајка и ќерка по пад од балкон.

Како што соопштуваат од Обвинителството, предметот е доставен на надлежно постапување до Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе спроведе проверки со цел да утврди дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело што се гони по службена должност.

Надлежното обвинителство ќе ги преземе сите потребни дејствија за целосно расчистување на наводите и утврдување на фактите

Невидена трагедија: Мајка и дете денес околу 14 часот се фрлиле од зграда кај „Алумина“ во Скопје!

Нема да се вратат, но правда мора да има – Исповед на братот на мајката што со ќерката скокна во смрт

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Угостителското училиште мавале со камења по слоницата во Зоолошката градина во Скопје, а професорите на пиење кафе!

„Не сакам да генерализирам – не се сите деца исти, ниту сите професори се неодговорни, но вакви поединци оставаат лоша слика и, уште полошо, нанесуваат стрес и штета на животни кои се под наша грижа. Како зоонеговател, секојдневно гледам колку се чувствителни и интелигентни овие суштества. За нив, ова не е игра“ – сподели зоонегувателот […]

Митева: Политички незрел маневар е изјавата на Филипче дека СДСМ ќе се повлече од работната група за изборниот закон, ако се укине техничката влада

Навистина не можам да разберам како од една страна имаме изјави во кои што се вели дека имаат пораст на гласовите, тоа го кажува токму Венко вчера, а Венко денеска вели дека е против укинување на техничката влада, за која што во минатото беа согласни дека истата треба да се укине, рече портпаролката на Владата Марија Митева.

Министерката Јаневска најави отворање Факултет за медицински сестри и акушерки во Битола!

Факултет за медицински сестри ќе биде отворен во склоп на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, за кој законот е подготвен од пратеници и од Министерството за образование и наука. Министерката за образование Весна Јаневска очекува тој да биде многу бргу усвоен, со што за медицинските сестри, акушерки и физиотерапевти ќе има и академски студии и тие потоа ќе може да продолжат на академски студии од втор и од трет циклус. Отворањето на факултетот во Битола, каде што со долга традиција постои Високата стручна школа, ќе биде дел од втората фаза на проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија 2026–2028“.

Зоран Ристовски избран за нов директор на МРТ

Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – програмите беа доставени под шифра, без увид во идентитетот на кандидатите

Лефков: СДС води поданичка политика, диктирана од Бугарија! – Дејствува синхронизирано со тамошни структури за темата на државјанствата!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во изјава за медиумите остро ја критикуваше политиката на СДСМ, обвинувајќи ја за, како што рече, „синхронизирано дејствување со структури од Бугарија“ во врска со прашањето за државјанствата.

Најнови вести

To top