Македонија

На настап во ресторан во Гевгелија, “прскалките’ на ДНК запалиле платно и звучници

„Да користеа со домет од метар или два, немаше да настане пожар. Такви со домет од три метри се продаваат на Бит-пазар и се за надворешна употреба“, вели сведок

Пред трагедијата во „Пулс“ во Кочани, на настап на групата ДНК во ресторан во Гевгелија се запалиле платно и звучници, сведочеше пред судот сопственикот на продавница за пиротехника Горан Игновски. Тој рече дека за инцидентот слушнал од колега кој работи со озвучување.

ДНК на настап во ресторан во Гевгелија имаат запалено платно и звучници. Колега од Гевгелија, Јани Мурџиев, кој работи со озвучување, ми раскажа за ова. Не знам кога точно се случило“, изјави Игновски.

Во своето сведочење тој зборуваше и за пиротехниката што се користела на настапите. Откако ги видел видеата од пожарот во Кочани, посочи дека прскалките кои биле употребени имале домет поголем од три метри.

„Да користеа со домет од метар или два, немаше да настане пожар. Такви со домет од три метри се продаваат на Бит-пазар и се за надворешна употреба“, рече сведокот.

Сведокот додаде дека по пожарот во Кочани имал две кутии со вакви прскалки – едната ја предал во полиција, а другата, како што рече, најверојатно сè уште ја има. Според неговите зборови, вкупно продал најмногу 15 вакви кутии.

Тој ја објасни и разликата меѓу таканаречените „топли“ и „ладни“ прскалки.

Топлата прскалка гори околу 30 секунди и чини околу 500 денари. Ладните прскалки за истото време чинат околу 100 денари, но уредот за нив чини околу 30.000 денари и мора да има струја и кабли“, рече Игновски. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“

Кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“, авторска песна на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, а испеана од Гоце Арнаудов во 1994-та на фестивалот „Валандово“

To top