Македонија

Драматично зголемување на цените на бензинот и дизелот

Во Македонија се уште цените пониски од регионот

За 14,27 отсто од полноќ ќе поскапат нафтените деривати со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Со новата одлука дизелот ќе поскапи за 14,5 денари и ќе изнесува 85,50 денари за литар, цената на бензините ќе се зголеми за 5 денари и Еуросупер БС 95 ќе чини 79,50 денари за литар, а литар Еуросупер БС 98 ќе чини 81,50 денари. Маслото за горење Екстра лесно 1 ќе чини 82,50 денари за литар и бележи зголемување од 12,50 денари, а мазутот 42,5 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 13,384%, кај дизелот за 36,134%, кај екстра лесното масло за 32,102% и кај мазутот зголемувањето е за 27,870%.

Зголемувањето на цените на нафтените деривати доаѓа поради војната во Иран и нестабилноста на Блискиот Исток.

Најнови вести од: Македонија

ОМО „Илинден“ – Пирин: Шовинистичка забрана за Менкиноски зашто е Македонец! ЕУ не смее да остане рамнодушна на бугарските закани кон македонскиот идентитет!

„Поддршка за Менкиноски! Забраната против адвокатот Тони Менкиноски не е со правна позадина – таа е етничка, само затоа што е Македонец. Oва е срамна постапка што ја разоткрива вистинската природа на шовинизмот кој владее во некои кругови во Бугарија.“ – реагира жестоко политичката органиација на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“-Пирин по одлуката на официјална Софија да му се забрани влез во Бугарија на Тони Менкиновски до 2036 година, затоа што претставувал „закана за националната безбедност“ на оваа држава-членка на ЕУ.

Муцунски разочаран, поради 10-годишната забрана за Менкиновски од Бугарија: МНР подготвува соодветна дипломатска реакција

Разочаран сум од односот на една земја членка на ЕУ кон нашите граѓани. Ние во минатото и со други наши соседи сме имале такви слични состојби. Секогаш сме реагирале по соодветен дипломатски пат, мерката и механизмот дополнително ќе ги процениме во рамките на институцијата, каква мерка и кој механизам ќе го искористиме што го имаме на располагање. Но јас не само што сум негативно изненаден, туку и длабоко разочаран од односот на една земја членка на Европската унија кон нашите граѓани – изјави Муцунски.

Курир: Турците иселени по Првата светска војна, се враќаат во Македонија, од 2006 до 2026 се доселиле 16.589, но се иселиле пак 1244

„Од 2006 до 2026 година во Македонија се доселени 16.589 лица од Турција,  а во Турција од Македонија се иселени 1.244 наши граѓани. За овие дваесет години Македонија има 15.345 турски државјани  повеќе од 2006-та година.“ – објави „Курир“.

Најнови вести

To top