Македонија

Македонска анатема за Вештачката интелигенција и вакцините од игумен (ВИДЕО)

Првот свештеникот чита делови од текст, го изговара зборот „анатема“, а верниците трипати го повторуваат тој збор

Јеромонахот Спиридон при богослужба во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во преспанското село Јанковец, фрлил анатеми со кои се проколнувани лекарите, противниците на власта и вештачката интелигенција.

На профилот на Фејсбук на самиот манастир е објавена видео снимка од службата на игуменот на манастирот, наречена Синодиконот на православието. Тоа е текст што се чита еднаш годишно, на првата недела од великиот пост. Во него се осудуваат ересите и оние што ја прогонувале црквата.

Прво јеромонахот чита делови од текстот, го изговара зборот „анатема“, а верниците трипати го повторуваат тој збор.

Како изгледала богослужбата, може да се види на видеото подолу.

„ Целосно сум погрешно интерпретиран и тоа што е објавено е целосно извртување на вистината и на суштината на она што го кажав во проповедта. Тоа е намерно направено за одредени цели. Секој што изворно ќе го слушне изговореното и внимателно ќе го прочита изговорениот текст, ќе се увери во тоа. Ниту сум зборувал против вакцинирањето, против медицинските работници, ниту против вештачката интелигенција, ниту сум ја бранел власта. Она што сум го зборувал е тоа дека луѓето не треба да се вакцинираат против своја волја, дека не треба да се принудуваат присилно и со уцени да го прават тоа, дека никој не треба да влијае врз некого како да постапи, туку луѓето да имаат право на слободен избор, кој ќе се базира на нивната слободна волја. Тие што си зедоа за право да се мешаат во слободната волја на луѓето, што им ја одземаат слободната волја. Во тој контекст, јас и го изговарам зборот „анатема“. Јас никако не сум против докторите“, вели овој јеромонах.

Тој додава дека не е против вештачката интелигенција.

„Јас немам ништо против вештачката интелигенција, туку сум против заблудувањето на луѓето, против извртувањето на вистината, против лажните вести што се шират преку неа. Сите добро ги знаеме лошите страни на ВИ, кои ги заведуваат луѓето“ – вели Спиридон.

Јеромонахот вели дека тоа што го користел зборот „анатема“ не значи дека праќал некого во пеколот и дека му фрлал проклетство.

„Анатемата е духовен лек што го даваме за да се покаат некои луѓе што прават такви работи и да се вратат на вистинскиот пат. Тоа е еден вид духовно лекарство за спасување на душите, а што е во суштина на христијанството“ вели Спиридон.

Досега нема реакција од Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во врска со оваа богослужба.

ПОГЛЕДНЕТЕ го ВИДЕОТО

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Сите лажни пораки за плаќање казни за сообраќајни прекршоци стигнуваат од странски броеви

Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека извршиле некаков сообраќаен прекршок за кој треба да платат казна стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија.

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта

Насилството не може да се решава само кога ќе се случи инцидентот, туку преку навремена превенција, функционални механизми за заштита и активно вклучување на учениците

Нов корупциски скандал: Претседател на суд и судски администратор барале и примиле поткуп од 8 илјади евра, за да интервенираат кај судија во Гостивар!

Предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои како соизвршители сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Осомничените, како што информира ОЈО, од јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле парична награда во износ од 8.000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување службено дејство, што не би смеело да се изврши.

Најнови вести

To top