Македонија

Словачка Амбасада: Од 17 март нов директен лет Братислава-Охрид

Нов чекор напред кон зајакнување на билатералните односи

Од 17 март Македонија и Словачка ќе се поврзат со нов директен лет меѓу Охрид и Братислава.

-Отворањето на директната авио-линија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу нашите две држави, пред се во туризмот и во бизнисот. Веруваме дека тоа ќе придонесе за натамошно јакнење на соработката и пријателските односи меѓу Словачка и Македонија, се наведува во објавата на Фексбук на Амбасадата на Словачка во земјава.

Од Амбасадата посочуваат дека директната авио-линија отвора нови можности за туристите од Македонија кои ќе имаат можност да ја посетат Братислава и Словачка, да ги запознаат нејзините историски градови, природата, културата и гастрономијата.

Воедно, се додава во објавата, новата авио-линија ќе им овозможи на посетителите од Словачка да ги откријат убавините на Охрид и неговото уникатно езеро, кое е едно од најзначајните природни и културни богатства во регионот.

Воведувањето на новата авио-линија пред околу два месеци ја најавија министерот за транспорт Александар Николоски и словачката амбасадорка во земјава Ивета Хрицова на средба во Скопје. Вицепремиерот Николоски тогаш истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на авиосообраќајот, а воспоставувањето на оваа авиолинија ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top