Македонија

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Во моментов Македонија има најниски цени на горивата и најниска инфлација од земјите во регионот, поради што нема потреба од прогласување кризна состојба, вели премиерот Христијан Мицкоски. Според премиерот, факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според него, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече премиерот Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

  • „Особено на бензинските пумпи во пограничните општини се создава притисок од соседството, бидејќи голем број од граѓаните од земјите од соседството доаѓаат да точат гориво, дизел-гориво посебно, и затоа се случува на некои бензински пумпи побргу од тоа што е очекувано да снема гориво, но тоа брзо се надоместува. Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен, и нема прекини во снабдувањето“, кажа премиерот.

Аргументирајќи ги ваквите наводи, Мицкоски даде и преглед на цените на горивата кај нас, по вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, споредувајќи ги со оние во земјите од соседството.

  • „Ако е кај нас, по нивелирањето на цената вчера од страна на Регулаторната комисија за енергетика, дизел-горивото 1,39 евроценти, да речеме, во соседна Албанија е 1,79 евроценти за литар, односно околу триесетина проценти поскапо, и логично е да имаме притисок во западниот дел од државата. Исто така да речеме во Србија е 1,73 евроценти, што е отприлика некаде околу 25 проценти поскапо од тоа што е во Македонија. Во Косово цената варира, но достига до 1,52-1,53 евроценти за литар, што е некаде за 10 проценти повеќе, во Грција е 1,59 евроценти, што е некаде 15 проценти повеќе, во Бугарија е 1,41 евроценти. Така што во моментов граѓаните во Македонија имаат најниска цена на дизел-горивото, а слична е цената и со бензинот 95 октани и 98 октани“, рече Мицкоски.

Тој рече дека очекуваат притисок и во периодот што следува, но увери дека во државата има доволно количини на нафта, се разговара со дистрибутерите и компаниите снабдувачи и во моментов нема опасност од каков било недостаток. Како добра вест премиерот го оцени тоа што утринава цените на „брентот“ и на другите нафтени производи на светските берзи е во опаѓање.

  • „Ако вчера го достигнаа пикот од 120 долари за барел, денеска веќе се тргуваат за некаде деведесетина долари за барел. Така што ја следиме целата состојба многу внимателно и во зависност од развојот на настаните, така и ќе реагираме“, кажа тој.

Најнови вести од: Македонија

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

To top