Македонија

Од општината зависи кога ќе се поправи патот кон Теферич

По изготвувањето на извештајот за проценка за ризикот од свлекување на земјиштето, завршуваат обврските на Градежниот факултет

Откако од Општина Кисела Вода соопштија дека за свлекувањето на патот кон Теферич е побарано стручно мислење и анализа од Градежниот факултет при УКИМ, експертска екипа веќе била на терен и направиле увид и записник од пропаднатиот пат кон Теферич и во моментов се подготвува извештај за проценка на ризик од ново свлечиште, дознава Слободен печат

Деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски , вели дека по изготвувањето на извештајот за проценка за ризикот од свлекување на земјиштето, веќе завршуваат обврските на Градежниот факултет и по ова, динамиката на поправањето на патот ќе зависи единствено од општинските служби.

Испука патот кон скопски „Теферич“

Најнови вести од: Македонија

Николоски во Стејт департментот: „САД се стратешки партнер број еден на Македонија“

Вицепремиерот и министер за транспорт и комуникации Александар Николоски во Вашингтон оствари значајни работни средби во Стејт департментот, каде што со висок американски претставници разговараше за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

To top