Бизнис

Колку работниците ќе излезат на улица на толку ќе им ги зголемат платите, велат од ССМ

Сите патишта водат кон Скопје, рече претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафило и ги повика работниците од целата држава да се приклучат на протест во Скопје за повисоки плати и подобар работнички стандард. Големиот работнички протест, како што рече почнува во 12:05 минути пред зградата на ССМ, а барањата остануваат исти – минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.

Колку работниците ќе излезат на улица на толку ќе им ги зголемат платите. Ова го изјави претседателот на Сојуз на синдикати, Слободан Трендафило и ги повика работниците да се приклучат на протест во Скопје за повисоки плати и подобар стандард. Протестот почнува во 12:05 пред зградата на ССМ, а барањата остануваат исти – минималец од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 100 евра.

  • Работниците немаат потреба да се плашат затоа што не му должат на никого ништо. Газдите и Владата пред само еден ден покажаа дека се против работниците затоа што странските газди и дале поддршка на Владата за незголемување на минималната плата, а македонската Влада на штета на македонските работници им ветила на странските газди дека нема да ја зголемува минималната плата надвор од законското усогласување за 1.667 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошница во овие 24 месеци е зголемена за повеќе од 10 илјади. Барањето за зголемување на минималната плата за 200 евра е оправдано затоа што работниците во Македонија тонат во сиромаштија. Според податоците на Управата за јавни приходи 160 илјади работници имаат плата под 31.200 денари или под прагот на сиромаштија, изјави Трендафилов.

Тој додаде дека газдите ги подржале мизерните плати, но го побарале делот од колачот кој им следува како финансиска поддршка која ја плаќа Владата секој месец, секоја година од нашите пари. Најголем дел од пратениците не гласаа за зголемување на минималецот и на останатите плати и спречија раст на нивните плати за 10 илјади денари само да не ги зголемат платите на работниците.

СДСМ го координира и управува Сојузот на синдикатите на Македонија, како на централно така и на локално ниво, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Маршот за поголеми плати ќе тргне од пред седиштето на ССМ, пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Од ССМ алармираа дека цените на производите поскапеле за 20%.

Најнови вести од: Бизнис

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

Мицковски: Со завршувањето на проектот за антимон ќе ја зголемиме важноста на Македонија и економскиот стандард

Тој се повикува и на првичните извештаи за резервите, според кои, како што наведува, тие би можеле да бидат значително поголеми од збирните резерви на двете водечки земји во светот во производството на антимон

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

To top