Македонија

На заеднички ифтар во Гостивар вечера над илјада верници

Над илјада муслимански верници седнаа на заеднички ифтар

Над илјада муслимански верници седнаа на заеднички ифтар (вечера) на отворено во Гостивар. Годинашниот ифтар го организираше Општина Гостивар во соработка со Гостиварското муфтиство.

Градоначалникот Ваљбон Лимани на верниците кои дојдоа на вечера на улицата „Илинденска“ им искажа благодарност на одзивот и потсети дека ова е втор настан кој се организира по повод Рамазанскиот пост.

– Овој ифтар ја испраќа пораката за солидарност, заедништво и добрина во овој свет месец Рамазан. Посакувам овој ифтар да остане традиционален уште многу години во иднина, рече Лимани.

Гостиварскиот муфтија Сабахудин Зендели посочи дека овој настан е воедно и ибадет (верски обичај) и се заблагодари на соработката со локалната самоуправа која помогна во организацијата и како што напомна радоста на ифтарот да ја доживеат сите граѓани на Гостивар.

Оброците и пијалакот за вечерата се обезбедени од донации на поединци и компании. Првиот „ифтар“ на отворено, општина Гостивар го организираше минатата година.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top