Свет

Трамп: САД немаат потреба од украинска помош во одбрана од ирански дронови

Знаеме повеќе за беспилотните летала од кој било друг. Всушност, ги имаме најдобрите беспилотни летала во светот“, рече американскиот претседател

Американскиот претседател ја отфрли понудата на Украина да му помогне на Пентагон да ја зајакне својата одбрана од напади со ирански беспилотни летала.

Во интервју за радио „Фокс њуз“, одговарајќи на прашање дали Украина им помага на САД да се одбранат од беспилотни летала, Трамп дециден:

„Не, не ни е потребна нивната помош во одбраната од беспилотни летала. Знаеме повеќе за беспилотните летала од кој било друг. Всушност, ги имаме најдобрите беспилотни летала во светот“, рече американскиот претседател.

Зеленски им нуди помош на земјите од Блискиот Исток против иранските дронови

Претходно, украинска делегација, во која беа вклучени воени претставници и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров, замина за регионот на Персискиот Залив на 10 март за да помогне во заштитата на човечките животи и стабилизирањето на ситуацијата во услови на ескалација на тензиите по нападите на Иран.

Претседателот Володимир Зеленски, исто така, рече дека Украина добила шест барања од земјите од Блискиот Исток за помош во конфликтот со Иран.

Се очекува украинската делегација да се врати од регионот на Персискиот Залив за да го утврди обемот на помошта што им е потребна на овие земји.

Најнови вести од: Свет

САД нападнаа остров преку кој Иран ја извезува речиси целата своја нафта

Уништувањето на Харк или оштетувањето на извозниот терминал „ризикува да предизвика долгорочен скок на цените на нафтата што нема брзо да се смири, и би значело отфрчање на секоја идеја дека војната се води за да се создаде подобра иднина за Иран

Трамп најави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови

To top