Македонија

Откако ЕУ ги демантираше СДСМ и Жерновски ретерираа во ставот за Кос

Откако Жерновски беше ,,жив фатен” во лага на Бихаќка го сменија речникот

Откако ЕУ ги демантираше, СДСМ и Андреј Жерновски ретерираа во тврдењето дека пораката за руско влијание на еврокомесарката за проширување Марта Кос се однесува на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

По ставот на членови на кабинетот на Кос дека таа не зборувала за Македонија туку за општа опасност од токсично руско влијание како можност кај сите земји кандидати, сега СДСМ бара граѓаните сами да проценат кој на кого мислел.

Откако на Бихаќка сфатиле дека Жерновски е фатен во лага за пораката од Кос сега партијата се повлекува од своето тврдење.

,,Македонија – црна точка на Европа или можеби светла иднина, Македонија како дел од големото семејство на демократското општество.

Кога Марта Кос, комесарката за проширување на ЕУ, вели дека нема место за нови членки на кои Русија и „други“ имаат влијание, дека на Европа не ѝ требаат „тројански коњи“, нека ви биде јасно на која земја-кандидат се мисли”, порачува СДСМ од каде пред само три дена имаа друго тврдење кое сега не важи.

Поврзана вест

Жерновски пак фатен во лага, овој пат со помош од кабинетот на Еврокомесарката за проширување

ЕУ го демантира СДСМ, пораката од Кос не е за Македонија

Најнови вести од: Македонија

Самсунг ќе воспостави производна линија за HVAC системи во Јужна Кореја

Инвестирајќи приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари), компанијата ќе отвори нова производна линија за HVAC системи во Гвангжу, Јужна Кореја, до 2028 година
Производната линија ќе се фокусира на HVAC системите на “FläktGroup“, вклучително и решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција

To top