Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи меѓу -3 и 3 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 18 степени.