Македонија

63 бели столчиња за згаснатите 63 животи

Секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето

Денеска се навршува една година од трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 млади луќе а повеќе од 200 беа повредени.

Во Паркот на револуцијата во Кочани со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, утрово почна одбележувањето на годишнината од трагичниот настан.

Шеесет и три бели столчиња се наредени на отворено, а на нив е ставена по една бела роза за спомен.

„63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат – секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето“, е пораката со која семејствата на загинатите ги пречекаа присутните.

На комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“, почнува во 10:30 часот во Центарот за култура „Бели мугри“, е отворена и книга на жалост. 

Претходно ноќеска во 2:15 часот пред објектот каде што се наоѓаше дискотеката „Пулс“.се одржа собир организиран од Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“.

Нека тишината зборува за љубовта што останува: Минута молк во 2 часот и 35 минути

 

 

Најнови вести од: Македонија

ДУИ пак „плаче“ за правата на Албанците

Интегративците на Али велат дека Законот за правична застапеност е донесен без етнички квоти, без институционални механизми за негово спроведување и без санкции за прекршителите, додавајќи дека таквото решение не нуди реални гаранции за заштита на правата на Албанците

To top