Бизнис

Од 96 на 100 денари за литар масло, инспекцијата забележала поскапување и на цената кај јајцата

Пазарниот инспекторат пак на терен – велат дека трговците го почитуваат она што го ветиле кај премиерот. Млекото, млечните производи месото и сувемеснатите – се продаат по стара цена. Скок има кај маслото за јадење и кај јајцата, затоа што им се зголемиле цените на суровините за нив на светските берзи.

Јајцата поскапеле за 5 до 10 отсто, маслото до 5 проценти. Ова е констатирано во контролите кои изминативе седум дена ги направиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат. Од инспекторатот велат дека дури 30 тимови ги скенирале производителите, увозниците, маркетите и генерално цените за сега биле стабилни.

  • „Ова зголемување е поради растот на цената на суровините на светските берзи.  За околу 15 отсто е поскапено суровото масло, а зголемување е забележано и кај сојата и пченицата поради конфликтот со Украина но и новите случувања на Блискиот исток“, соопштиле од ДПИ.

Исто така, од пазарниот инспекторат соопштиле и дека трговците, барем засега, добиле уверување од производителите дека нема да има поместување кај нивните цени. Контролите на инспекторатот ќе продолжат и во следните две до три недели.

Од финансии побарале и зголемување на дневницата за професионалните возочи. Ако сега им следува 50 отсто – истата да биде 100 %. Или пак, да бидат ослобедени од данокот на личен доход.

Најнови вести од: Бизнис

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

Инстант-плаќањата ќе овозможат трансфери за неколку секунди, 24 часа во денот, вели Славески

Гувернерот посочи дека оваа иницијатива има и европско значење. Северна Македонија е меѓу земјите од Западен Балкан на коишто им е понудено, уште пред членството во Европската Унија, да се приклучат кон системот за инстант-плаќања на Европската централна банка.

(Видео): Монетарната поставеност останува соодветна, девизните резерви над 5 милијарди евра, рече Гувернерот Славески

Народната банка ја следи состојбата и дека доколку е неопходно, може да реагира со инструментите што ѝ стојат на располагање. Покрај основната каматна стапка, меѓу нив се и мерките на макропрудентната политика, насочени кон одржување на стабилноста на банкарскиот сектор и соодветно управување со задолженоста на приватниот сектор.

(Фото): Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево, кажа Николоски

Со околу 250 бетонски столбови/колови ќе се стабилизира земјиштето на најтешкиот дел од автопатската делница Кичево-Охрид. Во пределот кај Ботун, земјата е црна-графитна и важи за најнестабилна земја, а дополнително има и многу вода. Токму затоа стабилизација на косините кај Ботун ќе се врши со градежна техника која ја првпат се користи не само во Македонија, туку и на Балканот.

To top