Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања.
„Мило ми е што се сретнав со премиерот на Македонија во Брисел. Разменивме мислења за геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, како и за мерките што ги преземаат двете влади за борба против порастот на цените на енергентите. Хрватска ќе продолжи да ја поддржувa Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива“, напиша Пленковиќ.
Тој и Мицкоски учествуваат на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија во Брисел, во чии рамки треба да се одржи и самит на лидери.
Мицкоски, синоќа, на својот фејсбук-профил, информира за средбата со хрватскиот колега,.
„-На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамки на европското семејство“, наведе македонскиот премиер.