Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот

Политиките на Заев и Филипче на ,, еден народ, две држави” и ,,Делчев е Бугарин” сега го земаа својот данок, се вели во соопштението на владејачката партија

Бугарија е разобличена пред Европа и светот, се потврди уште една неправда кон Македонија дека не станува збор за Бугарите во Уставот туку за идентитетот и македонскиот јазик, оценува ВМРО-ДПМНЕ

„Лагите на Заев дека ‘само уште името да го смениме и ќе влеземе во ЕУ’ како и уверувањата на Османи и Ковачевски дека ‘само уште Бугарите да ги внесеме во Устав и ќе влеземе во ЕУ’ потонаа во вода, се потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше постојано дека проблемот е поголем и се работи за идентитетот и јазикот.

Политиките на Заев и Филипче на ,, еден народ, две држави” и ,,Делчев е Бугарин” сега го земаа својот данок, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Бугарија е разобличена пред Европа и светот, на виделина излезе вистината за она што ВМРО-ДПМНЕ го тврдеше изминатите години, дека не се работи само за вметнување на бугарското малцинство во Уставот туку се работи за македонскиот јазик и идентитетот на македонскиот народ.

Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, но го избриша од него македонскиот идентитет и јазик. Целиот свет виде за македонските неправди  и во тоа 21 век. Македонија од 90-те до денес на патот кон ЕУ, направи многу отстапки, многу промени и претрпи многу понижувања.

Дополнително, огромен придонес во понижувањата кон Македонија и македонскиот народ  низ нашата историја имаат и домашните квислинзи, корумпирани политичари и  неодговорни лидери кои поради лукративни цели воопшто не водеа сметка за долгорочните цели и националните интереси на Македонија.

Бугарите конечно се разголени и изнесени на чистина дека не се работи за техникалии и бугарското малцинство во Уставот туку за суштината. За тоа знаеја и Бујар и Ковачевски и Заев, Филипче ,Маричиќ и сите останати кои сега се соочени со тоа.

Заев, Ковачевски, Османи и останатите и покрај тоа што знаеја за позадината на овие барања, прифатија се што им се стави на маса, само за ден подолго на власт а со тоа и дадоа инструмент во рацете на Бугарија за блокада и вето кон ЕУ интеграциите.

Заев, Османи, Ковачевски знаеја дека активностите и дејствијата на Бугарија се со јасна агенда и план да ја уништат Македонија.

Она што е важно е што ќе остане запишано во историјата за прв пат во независна Македонија, дека европскиот извештај со македонски идентитет и македонски јазик помина на АФЕТ, на комитетот за надворешна политика при европскиот парламент и пред да се донесе оној срамен амандман, се најде на масата на сите европратеници коишто гласаа во рамките на Европскиот парламент.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи нови предавства и отстапки од македонските национални интереси. Неопходно е национално единство по клучните прашања за државата вклучувајќи ги сите политички актери и општествени чинители„ се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

To top