Македонија

Жителите на Македонија живеат 5 години помалку отколку оние во ЕУ

Жените во ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија таа разлика изнесува 4,4 години

Животниот век на граѓаните во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија тој е безмалку пет години покус и изнесува 76,6 години.

Ннајвисок очекуван животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападниот регион во Бугарија – 73,9 години, покажуваат податоците на Еуростат.

Жените во ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија таа разлика изнесува 4,4 години. И овој јаз значително варира меѓу земјите од ЕУ, па така во Латвија се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, а разликата е најмала во Холандија – 2,8 години.

Според Еуростат, во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е 81,5 години, што укажува на зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година. Очекуваниот животен век се намали во 2020 година (80,4 години) и 2021 година (80,1 години) поради пандемијата COVID-19, но оттогаш се опоравува и достигна вредности повисоки отколку во 2019 година (81,3 години).

За жените, во 2024 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 84,1 година, додека за мажите бил 78,9 години.

На регионално ниво, четири региони имаат очекуван животен век од 85 години или повеќе: шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, и италијанските региони Провинција Автонома ди Тренто и Провинција Автонома ди Болцано/Бозен и регионот на шведската престолнина Стокхолм, сите со 85,0 години.

Спротивно, меѓу 5-те региони на ЕУ со најнизок очекуван животен век при раѓање, 3 беа во Бугарија: Северозападен (73,9 години), Северен централен (74,9 години) и Североисточен (75,4 години). Другите се Мајоте во Франција (74,5 години) и Ешак-Маѓаросаг во Унгарија (75,1 години).

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top