Регион

САД: Балканот под закана од руско влијание

Русија, како што се наведува, „поттикнува нестабилност меѓу Србија, која ја фаворизира, и Косово“, но исто така „го поддржува одвојувањето на ентитетот Република Српска од Босна и Херцеговина“.

Американските разузнавачки агенции во својот последен годишен извештај предупредуваат дека Западен Балкан останува област на зголемени политички тензии и надворешни влијанија, со особено истакната улога на Русија во дестабилизација на регионот,.

Во извештајот „Годишна проценка на заканите 2026“, објавен од Канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка заедница на Соединетите Американски Држави, се наведува дека војната во Украина ги продлабочила поделбите меѓу Западот и Москва, што се одразува и на Балканот, пренесува Радио Слободна Европа.

Русија, како што се наведува, „поттикнува нестабилност меѓу Србија, која ја фаворизира, и Косово“, но исто така „го поддржува одвојувањето на ентитетот Република Српска од Босна и Херцеговина“.

Американските служби проценуваат дека етничките и политичките поделби во регионот се уште се изразени и дека претставуваат потенцијален безбедносен ризик, особено во комбинација со влијанието на странските актери.

Најнови вести од: Регион

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

Најнови вести

To top