Македонија

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција

Министерката кажа дека 160 000 литри гориво се точи во пограничните региони бидејќи имаме најниска цена во регионот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати.

„Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето е во одлична кондиција, што значи дека има доволно деривати. Пазарната инспекција ги провери и оние пет дена што мора да имаат резервни колични, сите имаат. Што значи дека сега засега нема никаков проблем со снабдувањето, но ќе пратиме и понатаму и ќе видиме дали овој процент ќе остане ист и како ќе се одвива понатаму“ рече Божиновска во Тема на денот на ТВ Сител.

Министерката кажа дека Владата разговарала со 95 проценти од снабдувачите и дека добиле уверување дека нема никаков проблем со снабдувањето.

„Тука е и ОКТА и продуктоводот. Сите не уверија дека нема проблеми. Ги имаме и стоковите резерви за околу 60 дена. Моментално нема никаков проблем, но ќе следиме како ќе се одвива потрошувачката и во пограничните делови – рече Божиновска.

Министерката исто така кажа дека 160 000 литри гориво се точи во пограничните региони бидејќи имаме најниска цена во регионот.

Божиновска рече дека утре повторно ќе има средба со претставници на ОКТА на која треба да се разговара за цената на горивата, како што денеска најави премиерот Христијан Мицкоски.

„Утре ќе се јавиме пак и ќе видиме што може за понатаму да се направи се со цел граѓаните да немаат некои големи ценовни шокови“,  рече Божиновска.

Министерката не соопшти колкаво ќе биде владиното побарување за намалување на цените.

„Ќе дискутираме секако. Ние како држава ќе се залагаме што повеќе, тие како трговци ќе имаат свој став, меѓутоа кажувам дека се што ќе биде договорено ќе биде за намалување на тие ценовни шокови што ќе се одрази на финалната цена што граѓаните ќе ја видат – рече Божиновска.

Таа потсети дека на 13 март веќе беше постигнат договор со ОКТА која ја намали цената на горивата за 45 долари, што подоцна резултираше со можност за намалување на цените на горивата на бензинските пумпи за два денари.

Владата, потенцира таа ги следи одлуките на Регулаторната комисија, берзите, ПЛАТ каде што котираат тие цени.

На прашањето кои други мерки би можеле да се применат, Божиновска рече дека постојат многу типови на мерки, но дека со мерката што денеска ја соопшти Владата за намалување на ДДВ-то на горивата од 18 на 10 проценти граѓаните заштедуваат шест до седум денари, а дека веќе претходно во договор со ОКТА имало намалување за уште два денари.

Додаде дека секојдневно се следи и ќе се следи состојбата со горивата. Владата е во констатна комуникација и секојдневно се разговара иако, како што кажа, тоа не се нарекува кризен штаб.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените. Тој посочи дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.

To top