Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ја очекува пеколна атмосфера во баражот со Данска в четврток од 20:45 часот во Копенхаген за Светското првенство 2026, откако Данската фудбалска федерција обајви дека се продадени сите влезници за стадионот „Паркен“, со капацитет од 38.190 места за седење.
Од нив околу 1.000 ќе навиваат за „црвено-жолтите“, за кои ова ќе биде трет бараж-дуел по триумфот над Италија од 1:0 во Палермо и поразот од Португалија со 2:0 во Порто во разигрувањето за пласман на последниот мундијал во Катар.
Подобриот од мечот во Копенхаген на 31 март ќе ги одмери силите со победникот меѓу Чешка и Република Ирска.
Избраниците на селекторот Гоце Седлоски во данската престолнина ќе отпатуваат утре со чартер-лет.
Македонија има нерешен скор во меѓусебните дуели со Данска, и тоа реми 1:1 во Скопје и пораз од 1:0 во Копенхаген во квалификациите за СП 1995, како и победа од 3:0 во пријателската средба во 2013 година во Скопје.