Македонија

Се укинуваат сервисите на Радио Слободна Европа во Македонија и во Авганистан

РСЕ ги затвора подружниците низ светот откако минатата година американскиот претседател Доналд Трамп го укина финансирањето на медиумски проекти надвор од САД

Веста ја објави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус. Заедно со македонскиот сервис на Радио Слободна Европа се затвора и паштунската служба, Радио Машал, наменета за корисниците во Авганистан  и дел од Пакистан.

Редакцијата на РСЕ за Македонија престанува да работи за една недела, на 31 март.

„Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале“, објави Капус на социјалната мрежа Икс.

На крајот на февруари Стивен Капус речиси со истите зборови го најави затворањето и на канцелариите на Радио Слободна Европа/Радио Либерти во Бугарија и Романија исто така на 31 март поради намалување на буџетот.

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа е многу почитувана редакција во овдешната јавност поради професионализмот во новинарството, потсетуваат овдешни медиуми..

По затворањето на Ал Џезира Балканс ова е уште еден силен удар на независното новинарство во Македонија кое не е дел од политички и други структури.

Радио Слободна Европа, кое е финансирано од американскиот Конгрес, е основано во 1950 година за време на Студената војна за емитување во комунистичкиот блок.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки.

To top