Свет

За неколку дена Европа може да остане без горива!?

Ивршниот директор на Шел, Ваел Саван., вели дека глобалниот недостиг на нафта и гас веќе ги принуди делови од Азија да ја намалат потрошувачката на енергија и дека последиците се закануваат да се прошират на Запад во рок од неколку дена

Европа би можела да биде соочена од недостиг на гориво уште следниот месец поради продлабочувањето на кризата на Блискиот Исток, предупреди извршниот директор на Шел, Ваел Саван. Тој рече дека глобалниот недостиг на нафта и гас веќе ги принуди делови од Азија да ја намалат потрошувачката на енергија и дека последиците се закануваат да се прошират на Запад во рок од неколку дена.

Поради ова, европските влади, со цел да спречат недостиг, би можеле да бидат принудени да ја ограничат побарувачката за енергија, што е мерка што не е преземена од енергетската криза во 2022 година, пишува британскиот Телеграф.

Висок извор од британската енергетска индустрија потврди дека сценариото опишано од шефот на „Шел“ е „едно од најлошите сценарија, но сепак е апсолутно можно“.

„Во моментов луѓето се помалку загрижени за физичката безбедност на снабдувањето, а повеќе за цените. Банкарите од Волстрит предупредуваат дека Велика Британија е во опасност од рецесија ако продолжи ценовниот шок. Банката на Англија би можела да ги зголеми каматните стапки ако цените на енергијата не паднат, што веројатно би предизвикало економски пад до крајот на годината, покажуваат прогнозите на банкарите, пренесува Индекс.

Најнови вести од: Свет

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

To top