Македонија

Села: Ќе формирам нова партија – „Албански сојуз“, ќе има црно-црвени бои! Не се откажуваме од идеалите и каузата на АА!

Доскорешниот претседател на Алијансата за Албанците Зијадин Села најавува формирање на нова политичка партија, која ќе се вика „Албански сојуз“.

Како што нагласува Села во интервју за весникот на албански јазик „Лајм“, луѓето кои се дел од оваа политичка групација имаат идеали и ќе продолжат повторно да градат, вели, еден силен политички субјект.

-Ние не мислиме дека решението е оставка и предавање. Не оставам на случајноста, јас сум ја создал таа нова политичка партија. Веќе е формирана и се вика Албански сојуз, има црвено-црни бои и нема да се откажеме од оваа работа. Идејата на Алијанса за Албанците и нејзината кауза имаат свое продолжение – вели Села.

Најавата за формирање нова партија од Села следи откако Основниот суд во Тетово на 18 март донесе одлука партиските печати да му припаднат на крилото на АА предводено од Арбен Таравари.

Од крилото предводено од Села тогаш најавија дека ќе поднесат жалба на одлуката до Апелацискиот суд.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Денот на армијата: Да имаме уште многу поводи за прослава на славната македонска армија!

Триесет и четири години потоа, со сигурност тврдам дека македонската армија не е почетничка, туку високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност, висока интероперабилност со сојузничките сили, војничка дисциплина и стаменост, што резултира со највисока доверба кај граѓаните и заслужена почит од сојузниците

Леон Мерсовски – Македонец, муслиман, вмровец кој не гледа противречност меѓу овие работи

Не сум Македонец со фуснота. Не сум Македонец под услов. Не сум половина Македонец. Не сум должен да положам дополнителен испит за македонство затоа што сум роден и воспитан во исламска вероисповед.
Јас сум Македонец.
Точка.

To top