Македонија

Самсунг (“Samsung“) ги претстави Galaxy А57 5G и Galaxy A37 5G уредите, со професионални функции по одлична цена

Galaxy A57 5G и A37 5G имаат елегантен дизајн, моќна камера и надградена Awesome Intelligence вештачка интелигенција за да им дадат самодоверба на корисниците во секојдневната употреба

“Самсунг Електроникс“ (“Samsung Electronics“) денес ги претстави Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G, новите уреди од серијата Galaxy A кои ги носат најновите мобилни иновации на “Samsung”, вклучувајќи збогатена Awesome[1] Intelligence, на повеќе корисници ширум светот. Најновата серија Galaxy A ја одразува посветеноста на “Samsung” за проширување на “AI“ можностите на повеќе уреди и овозможување на повеќе корисници да ја искористат моќта на интуитивната вештачка интелигенција што ги поедноставува секојдневните задачи. Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G ги зајакнуваат искуствата на кои корисниците се потпираат секојдневно со надградби во перформансите, камерата и дисплејот, како и на издржливоста и безбедносните карактеристики. Со до шест генерации надградби на оперативниот систем и долгорочна безбедносна поддршка, новата серија Galaxy A е изградена да трае. Водечки во понудата е Galaxy A57 5G, со потенок и попрефинет дизајн и надградени можности базирани на вештачка интелигенција што го прават најмоќниот уред од серијата Galaxy A досега.

“Новата серија Galaxy A ја одразува нашата континуирана посветеност на демократизација на вештачката интелигенција, носејќи ги најновите иновации на повеќе Galaxy корисници.” – изјави ТМ Рох (TM Roh), Извршен Директор, Претседател и Раководител на одделот за искуство со уреди (Device eXperience – DX) во “Samsung Electronics“. “Со основните можности на “Samsung” комбинирани со збогатена Awesome Intelligence, Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G ќе обезбедат сигурни секојдневни перформанси за корисниците ширум светот и ќе поттикнат брзо проширување на вештачката интелигенција.”.

Збогатена Awesome Intelligence вештачка интелигенција дизајнирана за секојдневниот живот

Преку најновиот One UI 8.5, Galaxy A57 5G и A37 5G ги прошируваат најновите “AI“ иновации на “Samsung” до повеќе корисници, со Awesome Intelligence која им помага на луѓето лесно да завршат повеќе работи додека откриваат нови начини за создавање и останување продуктивни.

ФункцијатаVoice Transcriptionе нова во апликацијата “Voice Recorder”, што го олеснува повторното разгледување на важни детали од состаноци, предавања или повици преку брзо транскрибирање и преведување на снимките од повици или претворање на аудиото од говорна пошта во текст. “AI Select“[2] е полесен за пристап со долго притискање на “Edge“ панелот, при што релевантните акции се појавуваат директно на екранот за извлекување текст или креирање содржина без рачно избирање елементи. “AI Select“ исто така поддржува и префрлање на датотеки со “Drag & Drop“ во “Multi-Window“ распоред, овозможувајќи им на корисниците лесно да ги преместуваат сликите во “Samsung Notes” или “Photo Editor“ за побрзо уредување и подобрена продуктивност.

Awesome Intelligence го прави секојдневното уредување фотографии полесно од кога било. Функцијата “Object Eraser“[3] сега нуди поприродни резултати кога ги отстранува непотребните дистракции, како минувач во позадина или неред во кафе-барот. На Galaxy A57 5G, “Best Face“[4] функцијата поддржува повеќе фотографии и континуирано фотографирање, што го олеснува снимањето на совршените групни фотографии каде што сите изгледаат најдобро. Омилените алатки како филтри и предлози за уредување[5] им помагаат на корисниците брзо да ги усовршат и споделуваат моментите без дополнителен напор, додека Galaxy A57 5G исто така има “Auto Trim“[6] функција за уште полесно уредување на видеа.

Функцијата “Circle to Search“ со Google[7] додава препознавање на повеќе објекти, така што корисниците лесно можат да истражуваат повеќе предмети на слика истовремено, од облека до додатоци, сè во едно пребарување.

Новата серија Galaxy A ги проширува искуствата на Awesome Intelligence со избор на агенти дизајнирани да ги поедностават секојдневните задачи од пребарување до организирање планови или лесно прилагодување на поставките. Како агент за разговорен уред, надградениот Bixby[8] им овозможува на корисниците интуитивно да ги контролираат поставките и функциите на Galaxy користејќи природен јазик, додека Gemini[9] навигира низ сложени задачи низ изворни Galaxy апликации и избира апликации од трети страни за побрзи и поинтуитивни интеракции.

Неверојатна камера за креирање на појасни фотографии и видеа, денски или навечер

Како што вештачката интелигенција се подлабоко интегрира во мобилните искуства, перформансите на камерата остануваат клучни за обезбедување на секојдневната употребливост и задоволство што корисниците ги очекуваат.

Galaxy A57 5G и A37 5G нудат посветла и појасна визуелна приказна поддржана од надградениот хардвер на камерата и подобрениот процесор за сигнали на слики (Image Signal Processor – ISP).[10] Уредите имаат разновиден систем со три камери, предводен од главен сензор од 50MP[11], кој обезбедува остри, детални слики во широк спектар на осветлени услови без потреба од рачни прилагодувања.

Кога светлата ќе згаснат, камерите Galaxy A57 5G и A37 5G се прилагодуваат беспрекорно со  подобрената функција Nightography[12], снимајќи јасни и реални фотографии и видеа дури и во услови на слаба светлина.

Galaxy A57 5G ја носи фотографијата чекор понатаму со подобрена обработка на слики која ги изострува деталите и го намалува шумот за уште појасни и поживописни резултати. Нуди богат контраст и балансирана боја дури и при предизвикувачка светлина, додека со побрза брзина на блендата, корисниците можат веднаш да фатат минливи моменти побрзо и со подобрена јасност.[13]

Galaxy A57 5G и A37 5G исто така имаат корист од AI-базирано препознавање субјекти и оптимизација на сцени за балансирање на портретите, зачувување на природните тонови на кожа и создавање појасна позадинска сепарација. Кога моментот бара поширока перспектива, ултра-широкиот објектив фаќа повеќе во секоја групна фотографија или пејзаж, додека 5MP макро камерата открива фини детали одблиску за дополнителна креативна флексибилност.

Перформанси за стриминг и мултитаскинг

Galaxy A57 5G нуди најдобро од дизајнот и перформансите[14], комбинирајќи надградени процесори, графички картички и NPU за да обезбеди подобрени перформанси со својот елегантен и лесен облик. Создадена за глатко стримување, прелистување и креирање содржини, неговиот префинет дизајн има сјајна завршница и препознатлив “остров“ со три камери за изразен модерен изглед кој удобно прилега во рака.

И покрај потенкиот профил, Galaxy A57 5G нуди моќни перформанси. Неговата батерија од 5.000mAh[15] поддржува до два дена користење[16] – напојува сè, од снимање и монтажа до гледање во движење. Супер брзото полнење 2.0 достигнува до 60% за околу 30 минути за брзо полнење пред да треба да одите негде, додека 13% поголемата комора за ладење[17] помага да се одржи перформансот за време на продолжено играње или снимање. Потесните рамки и светлиот Super AMOLED + дисплеј со Vision Booster обезбедуваат импресивно, јасно искуство на гледање во затворени простори и надвор.

Изградени за секојдневна употреба, Galaxy A57 5G и A37 5G се сертифицирани IP68[18] сертификат за отпорност на вода и прашина, што додава издржливост во реални средини и  нуди спокој на корисниците при незгоди.

Долгорочна поддршка и основна безбедност

Galaxy A57 5G и A37 5G ја зајакнуваат посветеноста на “Samsung” кон долговечноста на уредот, нудејќи до шест генерации Android OS и One UI надградби, заедно со до шест години безбедносни ажурирања[19], давајќи им на корисниците самоувереност да се потпираат на својот уред со години.

“Samsung” обезбедува зајакнат слој на безбедност на уредите, транспарентност и избор на корисникот со Knox Vault[20], хардверско безбедносно решение, отпорно на манипулации. Galaxy A серијата им нуди на корисниците холистичка заштита преку иновативни безбедносни и функции за приватност, вклучувајќи ги “Security & Privacy Dashboard“, “Auto Blocker“, “Private Sharing“, “Theft Protection“, како и новиот “Private Album“, функција на Галеријата (Gallery) која им овозможува на корисниците брзо и лесно да ги заклучат личните датотеки. За разлика од традиционалните мерки за заштита, најновите уреди од серијата  А исто така проактивно ги известуваат корисниците за потенцијални ризици со функцијата “Privacy Alerts“, кои се интелигентни известувања што нудат појасен увид и контрола врз дозволите за локација или сомнително следење на чувствителни податоци. Заедно, овие подобрувања прават безбедноста да биде доживеана интуитивно како и остатокот од искуството, правејќи ја заштитата на уредот полесна од кога било за сите.

Достапност

Новите Samsung Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G во Северна Македонија ќе бидат достапни од 10 април, 2026 година. Galaxy A57 5G ќе биде достапен во нијанса на Феноменална темносина, Феноменална сива, Феноменална светловиолетова или Феноменална леденосина[21] додека Galaxy A37 5G доаѓа во Феноменална темносива, Феноменална сивозелена, Феноменална бела и Феноменална лаванда.[22]

За сите информации и детали за новите Galaxy A57 5G и A37 5G уреди, посетете ја страницата: www.samsung.com/mk.

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

 

 

ТАБЕЛА СО СПЕЦИФИКАЦИИ

  Galaxy A57 5G Galaxy A37 5G
Екран[23] 6.7″ FHD +

* Измерено дијагонално, големината на екранот е 6.7″ како целосен правоаголник и 6.6″ без заоблените агли; реалната површина за гледање е помала заради заоблените агли и отворот за камерата.

6.7″ FHD +

* Измерено дијагонално, големината на екранот е 6.7″ како целосен правоаголник и 6.5″ без заоблените агли; реалната површина за гледање е помала заради заоблените агли и отворот за камерата..

Super AMOLED + Екран

до 120Hz стапка на освежување

Vision Booster

Super AMOLED Екран
до 120Hz стапка на освежувањеVision Booster
Димензии и тежина 161.5 x 76.8 x 6.9mm, 179g 162.9 x 78.2 x 7.4mm, 196g
Камера 12MP ултра-широка камера

·         F2.2

50MP широка камера

·         F1.8

5MP макро камера

·         F2.4

12MP предна камера

·         F2.2

8MP ултра-широка камера

·         F2.2

50MP широка камера

·         F1.8

5MP макро камера

·         F2.4

12MP предна камера

·         F2.2

Меморија и складирање[24] 8+128 GB
8+256 GB
12+256 GB
12+512 GB
6+128 GB
8+128 GB
8+256 GB
12+256 GB
Батерија 5000mAh (типично)
* Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е естимирана просечна вредност имајќи ја предвид девијацијата во батерискиот капацитет помеѓу примероците батерии тестирани под стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 4.905mAh. Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, корисничките навики и други фактори.
Оперативен систем (OS)  Android 16

One UI 8.5

Безбедност Samsung Knox
Отпорност на вода и прашина  

IP68

 

[1] Може да биде потребна најава на Samsung корисничка сметка за да се користат одредени Samsung Intelligence функции. Samsung не дава никакви ветувања, уверувања или гаранции за точноста, целосноста или сигурноста на резултатите што ги обезбедуваат Intelligence функциите. Достапноста на Awesome Intelligence функциите може да варира во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уред и операторот. Услугата Awesome Intelligence може да биде ограничена за малолетници во одредени региони со возрасни ограничувања за користење на вештачка интелигенција.

[2] Потребна е интернет конекција и најавување преку Samsung сметка. Достапноста на услугата може да варира во зависност од земја, јазик или модел на уред. Достапноста на поддржаните јазици може да варира. Одредени јазици може да бараат преземање од јазични пакети. Може да биде потребно преземање и инсталација на Galaxy AI Select при првото покренување на апликацијата.

[3] Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите при снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат.

[4] Best Face е достапен само за фотографии направени со вклучена “Motion Photo“. Функцијата не генерира нови изрази на лицето, туку избира од кадри во видео клипот “Motion Photo“. Може да препознае до пет лица по слика и да предложи до три алтернативни изрази по лице. Точноста на резултатите не е гарантирана.

[5] Предлозите за уредување на фотографии се компатибилни со JPG, PNG и GIF формати. Конечните резултати и квалитетот може да варираат во зависност од состојбата на оригиналната слика. Точноста на крајните резултати не е гарантирана. Предлозите за уредување може да варираат во зависност од содржината на фотографијата. Поради природата на вештачката интелигенција, резултатите и квалитетот може да се разликуваат секој пат.

[6] Максималната должина по видео е 90 минути. Максималната должина на комбинираните видеа е 180 минути. Максималниот број на видеа за користење по видео проект е 60. Точноста на резултатите не е загарантирана

[7] Circle to Search е трговска марка на Google LLC. Резултатите се само за илустративни цели. Достапно на одредени уреди и е потребна интернет конекција. Работи на компатибилни апликации и површини. Резултатот може да варира во зависност од визуелните совпаѓања. Проверете ги резултатите за точност.

[8] За достапноста на услугата Bixby е потребна најава на Samsung корисничка сметка и интернет конекција. Достапните функции и карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Bixby препознава само одредени акценти и дијалекти од англиски (Обединето Кралство), англиски (САД), англиски (Индија), француски (Франција), германски (Germany), италијански (Италија), јапонски (Јапонија), корејски (Јужна Кореја), мандарински (Кина), шпански (Шпанија), португалски (Бразил) и шпански (Латинска Америка). Други поддржани јазици може да бидат додадени во иднина. Можеби нема да ги препознае сите акценти, дијалекти и изрази, а вистинските перформанси може да се разликуваат во зависност од изговорот, јачината на гласот и околината. Употребата на Bixby може да биде ограничена во одредени ситуации, како при снимање (видео/игра/глас), за време на повици, во режим на максимална заштеда на енергија, итен режим и Samsung Kids. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата/давателот на услуга/јазикот/моделот на уредот/верзијата на OS. Со Bixby се контролираат одредени апликации, други апликации ќе бидат поддржани во иднина. За да се контролираат уреди што имаат SmartThings со Bixby, прво поврзете ги уредите на апликацијата SmartThings. За повеќе информации, посетете ја веб-локацијата на SmartThings (www.samsung.com/smartthings).

[9] Gemini е заштитен знак на Google LLC. Резултатите за илустративни цели. Потребна е интернет-конекција и најава на сметката на Google. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот. Работи на компатибилни апликации. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата и резултатите може да се разликуваат.  Компатибилноста е ограничена на одредени функции и сметки. Во моментов, може да се користи независно управувана, лична Google сметка, како и работна или училишна сметка за која администраторот овозможил пристап до Gemini. Корисниците мора да имаат 13 години (или соодветната возраст во одредена земја) или повеќе за да користат Gemini со личен или училишен Google акаунт, и 18 или повеќе за да користат Gemini со работен акаунт.

[10] Резултатите може да варираат во зависност од условите на светлината и/или условите на снимање, вклучувајќи повеќе субјекти, нејасно или движење на субјекти.

[11] Резолуција од 50 MP е достапна само на задната широко-аголна камера на Galaxy A57  5G и A37 5G.

[12] Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите при снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат.

[13] Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите при снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат.

[14] Прикажани подобрувања во перформансите во споредба со Galaxy A56 5G. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и претходно инсталираниот софтвер и апликации.

[15] Типична вредност тестирана под лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е проценетата просечна вредност земајќи ја предвид отстапката во капацитетот на батеријата меѓу примероците тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 4.905 mAh. Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, навиките на користење и други фактори.

[16] Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, функциите и апликациите што се користат, фреквенцијата на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечниот профил на користење составен од UX Connect Research. Независно проценето од UX Connect Research помеѓу 08.01.2026. – 18.01.2026 во Велика Британија со претходно објавени верзии на SM-A576 под стандардна поставка користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи. НЕ е тестирано под 5G mmWave мрежа.

[17] Во споредба со претходниот модел. Реалната изведба ќе зависи од корисничката средина, условите и претходно инсталираниот софтвер и апликации.

[18] Galaxy A57 5G и A37 5G се оценети како IP68. Врз основа на лабораториски тестови услови за потопување во до 1,5 метри слатка вода до 30 минути. Не се препорачува за користење на плажа или за базен. Отпорноста на уредот на вода и прашина не е трајна и може да се намали со текот на времето поради нормално трошење.

[19] Достапноста и времето на надградби и безбедносни надградби на Android OS може да варираат во зависност од моделот на уредот и пазарот. До шест генерации на Android OS и One UI надградби, заедно со до шест години безбедносни ажурирања, од првото глобално лансирање на поддржаните Samsung Galaxy уреди.

[20] Безбедносните карактеристики или хардверско-софтверската архитектура на Samsung Knox Vault на Samsung Galaxy A серијата смартфони може да се разликуваат од оние на главните уреди на Samsung Galaxy како што се S серијата, Z серијата, S FE серијата паметни телефони и Tab S серијата таблети лансирани од 2021 година па натаму. Достапноста на Samsung Knox Vault може да варира во зависност од моделот на уредот.

[21] Бојата и достапноста на моделот може да варираат во зависност од земјата, регионот или операторот.

[22] Бојата и достапноста на моделот може да варираат во зависност од земјата, регионот или операторот.

[23] Екранот доби “Eye Care“ сертификација за грижа за очи од SGS врз основа на способноста да ги намали штетните ефекти од сината светлина.

[24] Опциите за меморија/складирање и достапноста може да варираат во зависност од земјата, регионот или операторот. Достапната меморија/капацитет за складирање зависи од претходно инсталиран софтвер.

Најнови вести од: Македонија

Почна судењето на деветмината, на чело со ексдиректорот Стоилов, обвинети за примање и давање мито над 50 илјади евра за ИПАРД фондовите

Деветмина обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, на чело со ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, седнаа на обвинителна клупа во Кривичниот суд на судењето за митото поврзано со ИПАРД фондовите.

ЗНМ остро реагира за однесувањето на новинарот во Тетово кон министерката Весна Јаневска

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија реагираше на однесувањето на новинарот Невриј Адеми за време на прес-конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово. Од ЗНМ потенцираат дека правото на новинарите слободно да поставуваат прашања и да известуваат критички е неотуѓиво и суштинско за едно демократско општество, но истовремено подразбира и обврска за почитување на етичките и професионалните норми.

Села: Ќе формирам нова партија – „Албански сојуз“, ќе има црно-црвени бои! Не се откажуваме од идеалите и каузата на АА!

Доскорешниот претседател на Алијансата за Албанците Зијадин Села најавува формирање на нова политичка партија, која ќе се вика „Албански сојуз“.

To top