Македонија

Савески: Ќе се постапува за секој предмет, за кој има законска основа

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески нагласи дека никогаш нема да коментира ничија изјава, посочувајќи дека дека првото нешто, што го направил откога е на функцијата, е средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство. Тој најави дека планира средби и со сите јавни обвинители, односно во подрачја на вишите јавни обвинителства, кои се четири, па потоа и со основните обвинителства.

Запрашан за коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека очекува одговори за работата на Катица Јанева и СЈО, Савески во изјава за медиумите пред денешната седница на Советот на ЈО повтори дека нема да коментира ничија изјава. На прашањето што ќе направи во однос на шпекулациите дека има предмети, кои се чуваат во фиока, тој одговори дека е само неколку дена на функцијата и оти за секоја одлука јавноста ќе биде навремено известена. – Дајте малку време, сепак се неколку денови. Вклучително, приоритет е и учеството на седниците, да се пополнат местата што се испразнети и да се создадат услови да функционира онаму каде што има испразнети места – изјави Савески.

Савески нагласи дека работата на Јавното обвинителство, вклучително на секој јавен обвинител, а и државниот јавен обвинител, надлежностите и обврските што ги исполнуваат јавните обвинители произлегуваат од законските регулативи. Прашан дали СЈО и Катица нема да бидат приоритет, Савески рече дека нема да коментира „ако ви е во врска со изјавата на кој било обвинител“.

Запрашан за гувернерот Трајко Славески, Савески рече дека се следат состојбите во врска со тоа што како информации излегоа во јавноста и дека ако се најде основа за отворање предистражна постапка, секако тоа ќе биде постапено. -Нема отстапки тоа се законски обврски на Јавното обвинителство. Само да не бидам погрешно сфатен само доколку, значи тоа секако се оценува за секоја ситуација, вклучително и оваа за која ме прашувате. Не може, а да не биде предмет на анализа. Ако се најде основа, се постапува согласно со законот – изјави Савески, нагласувајќи дека јавноста ќе биде известена со комплетно соопштение од страна на службите за односи со јавноста.

За барањето за изземање на обвинителката Ленче Ристовска и случајот со пожарот во Кочани, Савески рече дека не е донесена одлука. -Имајте предвид, само неколку дена сум во функција. Обврските се од секаква природа, секако јавноста ќе ја запознаеме преку медиумите за сè, што ќе дојде по редослед за одлучување и кога ќе биде донесена одлука. рече Савески.

Најнови вести од: Македонија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Случајот со “бегалката” – упад во македонскиот правосуден и безбедносен систем.

Со тоа што Бугарија одбива да постапи по потерницата на македонското МВР, како државата членка на ЕУ прави упад во државниот и правниот систем на соседна суверена земја, иако случајот го претстави како „хуманитарен“

To top