Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во текот на 2024 и 2025 година првопријавениот склучил купопродажни договори за огревно дрво со Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Лопушник – Кичево. Потоа на 27.08.2025, врз на основа на договорите, четвртопријавениот Г.П. изготвил испратница, во која внел невистинити содржини и како таква третопријавениот Б.Б. ја искористил како доказ во правниот сообраќај и ги превезувал дрвата со товарно возило „Ман“ без да поседува лиценца за вршење јавен превоз.
Покрај ова, пријавеното правно лице извршило кражба на дополнителни 852.5 кубни метри огревни дрва, со што е нанесена материјална штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од околу 101 илјада и евра.