Македонија

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа го намаливме ДДВ на нафтата, следи намалување и на акцизите и маржата!

Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, тој нагласи дека Владата има мерка следните две недели, како ниедна држава во Европа, директно од буџетот намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти. – Ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот што следува ќе интервенираме – нагласи Мицкоски.

Во однос на податоците на Државниот завод за статистика за зголемувањето на платите во јануари и дали подобро се живее, тој нагласи дека секогаш треба повеќе и оти Владата се труди да има помали трошоци, а повисоки примања кај вработените. – Апсолутно, секогаш радува податокот кога продолжува трендот на раст на платата, вклучително и во јануари, она што го објави Статистика. Дали е тоа доволно? Не, секогаш треба повеќе и ќе се трудиме како Влада да има што помали трошоци за живот, односно инфлација, а што повисоки примања кај вработените. Тоа претставува наша цел како Влада и прв приоритет и така се однесувавме до сега. Така ќе се однесуваме и во иднина – изјави премиерот.

Прашан дали Владата ќе преземе мерки доколку има раст на цените кај храната, Мицкоски посочи дека 30 тима од Државниот пазарен инспкторат се на терен и доколку забележат непазарно однесување ќе дејствуваат. – Триесет тима од Државниот пазарен инспекторат се на терен. И повторно тука од страна на опозицијата манипулираат дека различни типови маркети се посетуваат. Се гледаат сите трошоци и врз основа на тие трошоци носиме стратегија и политика. Нормално таму каде што ќе видиме дека постои непазарно однесување ќе делуваме како Влада, истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top