Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

„Грција ја чува со ‘патриоти’ не само Бугарија, туку и Северна Македонија“, вели насловот на опширната анализа на бугарскиот весник „24 часа“ за изложеноста на регионот на можен одмазднички контраудар од Иран како одговор на нападите од САД и од Израел.

„Грција не покажува содејство во областа на противвоздушната одбрана само на Бугарија. Атина ја презеде заштитата на воздушниот простор на Северна Македонија во рамките на НАТО, а од 2021 година грчка батерија ‘патриоти’ е разместена во Саудиска Арабија, кадешто во текот на минатата седмица собори две ирански балистички ракети, како што објавија грчките медиуми“, пишува „24 часа“.

„Неколку дена од почетокот на ударите од САД и од Израел врз Иран и на иранските напади против земји од Персискиот Залив, по молба на Бугарија, Грција во северниот дел од својата територија распореди батерија противвоздушни ракети ‘патриот’ и двојка ловци Ф-16 посебно за заштитата на воздушниот простор на Бугарија. Предупредувањата за воздушна закана од Иран за Балканот повеќе не изгледаат целосно хипотетички, откако беа соборени три ирански балистички ракети насочени кон Турција, а дрон удри во пистата на британската база Акротири во Кипар“, се додава во написот.

Грција располага со шест батерии „патриот“, а нејзиното ПВО се потпира и на советските С-300 добиени од Кипар за борба со цели на големо растојание, како и на застарените американски ракети земја-воздух „хоук“ со среден дострел и на мобилните „стингери“, но и на советските „тор“ и „оса“ за поблиски цели.

Покрај тоа, за одбрана од воздух македонскиот јужен сосед смета и на околу 200 авиони, со кои е петта во НАТО и втора во Европската унија.

 

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

To top