Македонија

Временска прогноза: Променливо облачно со дожд и снег

На повисоките места врнежите на моменти ќе бидат од дожд и снег, додека на планините ќе преовладува снег.

Денеска времето ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд од послаб интензитет и услови за појава на ретки грмежи.

На повисоките места врнежите на моменти ќе бидат од дожд и снег, додека на планините ќе преовладува снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од -1 до 5 степени, а максималните од 8 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и можност за ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од север, при што минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во текот на викендот и во првите денови од наредната седмица, ќе продолжи променливото облачно време со локални и послаби врнежи. Пообилни врнежи се очекуваат повторно во текот на ноќта кон среда и во текот на самата среда.

Во недела и во среда ветерот ќе биде умерен, а долж Повардарието и засилен, од северен правец.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

To top