Македонија

,,Македонката” Латинопоулу доби покана да докаже дека е вистинска Македонка (ВИДЕО)

Ќе ја искористи ли Латинопулу шансата да докаже дека е вистинска Македонка?

Грчката европратеничката Латина Латинопулу која од говорницата на Европскиот Парламент тврдеше дека е Македонка ги навредуваше Македонците и тврдеше дека се Бугари доби покана да докаже дека е вистинска Македонка.

 

Македонски активисти од Егејска Македонија ја канат ,,Македонката” ако е толку горда Македонка да дојде и да биде гостинка на Македонска вечер во срцето на Македонија.

 

Европратеничката е поканета да биде гостинка на таканаречените панаѓури каде се играат македонски ора на македонски песни.

 

,,Ако е толку ГОРДА Македонка, треба да дојде и да ни се придружи на МАКЕДОНСКА вечер во срцето на нејзината прекрасна Македонија.

@latinopoulou ela re bebe 🙄”, пишува во отворената покана до Латинопулу.

 

Во конкретното видео на Македонска вечер во едно од македонските села во Егејска Македонија се пее и се игра на песната Ако умрам и загинам на Јонче Христовски.

 

Видеото на линкот

https://x.com/svenskmakedon/status/1943859945444901123?t=xPByrWud9_j1TJZCcVK9Qg&s=19

 

Ќе ја искористи ли Латинопулу шансата да докаже дека е вистинска Македонка?

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

ДИК: Излезноста на повторените локални избори зголемена само во Врапчиште, во другите општини намалена

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Мицкоски организира меѓупартиска лидерска средба, би се разговарало и за укинување на „Пржинската влада“

Премиерот Мицкоски минатата седмица изјави дека планира средбата да се оддржи на 14-ти јануари во Клубот на пратениците. Одлуката на премиерот доаѓа и покрај ставот на најголемата опозициска партија СДСМ да не учествува на таквата средба. 

To top