Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Според службената евиденција на УЈП, во дејностите трговија на големо и мало, подготовка и служење на храна, правни и сметководствени услуги, како и туристички агенции и туроператори, каде што претежно се врши промет кон крајни потрошувачи со готовински плаќања, идентификувани се 6.451 даночен обврзник кои се деловно активни, имаат вработени, а воопшто немаат регистрирано фискален апарат. Од нив, 3.115 субјекти се регистрирани и за ДДВ, што јасно укажува дека редовно вршат деловна активност.

Во првата фаза, контролите ќе бидат насочени токму кон овие активни субјекти, со цел нивно итно усогласување со законските обврски.

Дополнително, УЈП детектирала уште 13.966 даночни обврзници во истите дејности без фискални уреди. За нив ќе бидат спроведени теренски проверки, вкрстување на податоци и други контролни механизми. Доколку се утврди дека вршат деловна активност, но не го пријавуваат прометот и не плаќаат даноци, против нив ќе бидат покренати не само прекршочни, туку и кривични постапки.

Согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, секој даночен обврзник кој врши промет на добра или услуги со готовинско плаќање е должен да воведе и да користи одобрен фискален апарат или фискален систем, да го регистрира во УЈП пред да започне со работа и да издава фискална сметка за секоја продажба.

Непостапувањето по овие законски обврски претставува прекршок за кој се предвидени парични глоби, а во одредени случаи и запечатување на трговскиот објект.

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници кои немаат фискален апарат, а вршат готовински промет, веднаш да преземат активности за доброволна усогласеност – да набават, инсталираат и регистрираат фискален апарат преку овластен оператор.

Од УЈП нагласуваат дека борбата против сивата економија останува еден од главните приоритети, а контролите за фискализација имаат за цел да ја зголемат довербата во даночната администрација, да внесат ред во економијата и да го заштитат легалниот бизнис.

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top