Македонија

Попов: Уставни измени може да има само кога ќе имаме предвидливост што ќе следи по нив, не можеме вечно да се обезличуваме национално

„Ако направиме сега уставни измени и започнеме преговори со ЕУ, тие ќе завршат на првата идентитетска одлика на македонскиот народ.“ – рече пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ во настап на ТВ 24, осврнувајќи се на позицијата на Македонија во преговорите со ЕУ.

„Поради работите кои владата на СДСМ ги прифати, сега преговорите со ЕУ нема да изгледаат како преговори за затворање кластери туку како преговори за историски настани, битки и револуционери.“ – посочи Попов за европската интеграција на Македонија. „Во оваа ситуација сега со овие работи, коишто СДСМ во претходната влада ги прифати, нашите преговори нема да изгледаат како преговори од област во област, или од кластер во кластер, туку ќе изгледаат како преговори од историски настан до историски настан, од битка до битка, од револуционер до револуционер, каде што нашите историчари во име на нашите евроинтеграции ќе треба да капитулираат и да прифаќаат ретуширање на македонската историја.“ – истакна пратеникот Попов. 

Тој укажа дека ако започнат преговорите ќе завршат на првата идентитетска одлика на македонскиот народ, а како што вели тој, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека за да се случи нешто на патот кон ЕУ мора да има предвидливост за тоа.

„И вечерва да се усвојат уставните измени, преговорите нема да завршат никаде, односно ќе завршат на првата битка, на првиот револуционер, или на првата идентитетска одлика на македонскиот народ, со којшто бугарските политичари, или бугарските историчари не се согласуваат. Затоа ставот на ВМРО-ДПМНЕ и пред изборите, а и сега, е дека уставни измени може да има само кога ќе имаме предвидливост, што ќе следи по уставните измени. Ние не можеме да си дозволиме да бидеме во тој процес вечно, вечно да се обезличуваме и да се плакнеме национално без да знаеме каде ќе стигнеме.“ – рече Попов.


Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top