Хроника

Македонец баран од Интерпол уапсен во Бугарија на плантажа за марихуана

Македонскиот државјанин баран со потерница од Македонија за кривични дела поврзани со дрога фатен на дело со уште двајца

Македонски државјанин, баран преку Интерпол со потерница од канцеларијата во Скопје, е меѓу тројцата уапсени од бугарската полиција на плантажа за одгледување марихуана во селото Луково, Општина Своге.

Станува збор за 32-годишен маж фатен на дело заедно со другите двајца во полициска акција на 28 март, во која е утврдено дека е баран од Интерпол-Скопје за кривични дела поврзани со наркотични средства, со мерка апсење со цел екстрадиција.

При претресот кај него е најдена и фалсификувана бугарска лична карта, веројатно користена од уапсениот.

Топј е приведен во својство на обвинет и му е изречен 72-часовен притвор.

Пограничните полицајци од Ќустендил при упадот во два објекта затекнале високотехнолошко наркопроизводство со 96 стебла марихуана, опремено со електрични и клима уреди за сушење и обработка на наркокултурата, соопшти полицијата.

 

Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

To top