Македонија

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

„Аустријан ерлајнс“ одбележува значаен јубилеј на македонскиот пазар – 30 години од воспоставувањето на авиолинијата Скопје – Виена и почетокот на успешната соработка со Меѓународниот Аеродром Скопје и ТАВ Македонија. На Меѓународниот Аеродром Скопје со церемонијален воден мост по слетувањето на авионот, беа пречекани патниците, кабинскиот персонал и менаџментот на авиокомпанијата, со што беше одбележан овој значаен јубилеј.

Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија, ги пречека Штефан Линхарт, виш директор за продажба за Централна и Источна Европа, Израел и Турција во групацијата Луфтханза и Карстен Занг – Регионален менаџер за продажба во групацијата Луфтханза.

Тие на средбата уште еднаш го потврдија значењето на оваа авиоврска која успешно опстојува три децении.

  • „Горди сме што заедно со Аустријан ерлајнс одбележуваме 30 години успешна соработка, која има значаен придонес во развојот на воздушниот сообраќај во земјата. Оваа линија не е само транспортна врска, туку мост што ги поврзува луѓето, бизнисите и културите меѓу Скопје и Виена. Континуираниот пораст на бројот на патници и зголемената фреквенција на летови се доказ за довербата на патниците и заедничката посветеност кон унапредување на услугите и поврзаноста. Очекуваме ова партнерство да продолжи да се развива и во наредните години, носејќи нови можности за регионот“ рече Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

  • „Во Аустриан ерлајнс, сме исклучително горди што одбележуваме 30 години опслужува на Северна Македонија и поврзување на Скопје преку Виена со светот. Овој значаен јубилеј го одразува не само нашето посветување на регионот, туку и извонредната соработка со сите наши партнери и засегнати страни во Северна Македонија. Нивната доверба и поддршка беа од суштинско значење за овој долгорочен успех да стане возможен. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да ја зајакнуваме поврзаноста на Скопје со нашата глобална мрежа и во годините што доаѓаат„ изјави Штефан Линхарт, виш директор за продажба за Централна и Источна Европа, Израел и Турција во групацијата Луфтханза.

Од 1996 до 2025 година, меѓу Скопје и Виена реализирани се вкупно 27.999 летови, при што се превезени 2.432.089 патници.

Бројот на летови и превезени патници со Аустриан ерлајнс почнува постепено да расте откако ТАВ Македонија го презеде управувањето со скопскиот аеродром.

Во 2008 година авиокомпанијата превезла 63,4 илјади патници, за во 2010 година да превезе 80,3 илјади патници. Годишната бројка надминува 100 илјади патници во 2012, за лани – во 2025 година Аустриан ерлајнс да превезе 126.911 патници со 1.296 летови.

Позитивниот тренд продолжи и годинава, каде во периодот од 1 јануари до 25 март се реализирани 228 операции со авиони од типот Airbus A320 и Embraer 195, при што се превезени вкупно 17.285 патници.

Аустриан ерлајнс лета меѓу Скопје и Виена секој ден, некогаш и со две ротации дневно.

Во зимската сезона на летови, на релација Скопје – Виена оперираа 10 летови неделно, додека во моменталната летна сезона, во периодот од 29 март до 11 мај, бројот ќе се зголеми на 11 летови неделно и тоа 7 напладне и 4 утрински. Од 12 мај, линијата ќе достигне 14 летови неделно, односно два лета дневно. На оваа рута сообраќаат авиони од типовите Airbus A320, Airbus A321 и Embraer 195.

Авиолинијата Скопје – Виена има стратешко значење за бизнис-патниците и една од клучните порти за поврзување на земјата со светот.

Преку аеродромот во Виена, патниците од земјава добиваат сигурени брз пристап до бројни европски, интерконтинентални и прекуокеански летови, што ја прави оваа рута важна отскочна точка за бизнис, туризам и дијаспората. Високата фреквенција на летови и сигурната конекција овозможуваат флексибилност и удобност, дополнително зајакнувајќи ја улогата на оваа линија како витална врска со светот.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

Тоа го покажуваат и најновите статистички податоци за првите два месециоваа година, кои ТАВ Македонија ги заврши со превезени 539.474 патници и на двата македонски аеродроми, што е зголемување од 31% на бројот на патници во споредба со истиот период во 2025 година и 3.766 летови, што е за 14% повеќе од истиот период, минатата година.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

To top