Хроника

Неготинка остана без 5 илјади евра, други десетмина спасија „жива глава”

Кривична пријава против двајца измамници

ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н.(29) од Велес и Г.М.(54) со престој во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои десет кривични дела „измама во обид“ и едно кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Во изминатиот период лице од странство телефонски контактирало повозрасни лица, лажно им се претставувало и ги доведувало во заблуда дека блиски членови на нивните семејства биле повредени во несреќи и треба да им се изврши операција,  обидувајќи се да ги измами за поголеми суми на парични средства, додека пријавените К.Н. и Г.М. имале задача да ги земат парите, по што Г.М. ги предавал на лице во Софија, Република Бугарија. На тој начин успеале да измамат 81-годишна жена од Неготино за сума од 314.600 денари.

На 19.02.2026, по преземени мерки, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода К.Н., кој во службен разговор во целост ги потврдил настаните. Два дена подоцна, на 21.02.2026, на Граничен премин Деве Баир од слобода бил лишен и Г.М., кај кого биле пронајдени и одземени 4400 евра, а кај неговата сопруга, која била со него во возилото, биле пронајдени и одземени 4.350 евра.

Најнови вести од: Хроника

Две и пол години затвор за вработената во МВР, што фалсификувала возачки дозволи, 1,3 години за возачите

Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки дозволи ја признале вината и добија затворски казни во скратена постапка. На првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи, ѝ е изречена казна затвор од две години и шест месеци. Второобвинетиот и третообвинетиот се осудени на една година и три месеци затвор. За сите тројца е продолжена мерката притвор, информираа на средба со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје.

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

To top